Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Спорт

Геј опериран и ја заврши сезоната

Светскиот вицешампион на 100 метри, Тајсон Геј од САД, беше подложен на артроскопска интервенција врз неговиот повреден десен колк и повеќе нема да се натпреварува годинава, соопшти неговиот менаџер Мајк Ветмор. Вториот најбрз човек по Јусеин Болт беше опериран во вторникот во Вејл, Колорадо.

„Докторот е задоволен со резултатите од операцијата и верува дека Тајсон ќе им се врати на тренинзите во подготовките за сезоната 2012“, изјави Ветмор.

Често повредуваниот Геј се надеваше дека ќе се трка со Болт на Светското првенство во август, но беше принуден да се повлече од полуфиналето на 100 м на американските мундијалски квалификации минатиот месец поради повреда на колкот. Тој сега ќе се концентрира на заздравувањето и на подготовката за Олимпијадата во Лондон в година, како и на очекуваната пресметка со Болт.


#
Статијата е прочитана 390 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Пеналите во Белфаст кобни за Ренова
Работнички ја збриша Транс Нарва
„Кралот на Ла Манш“ на 70 години ќе плива од Свети Наум до Охрид
Костарика ја совлада Боливија, Аргентина виси
Првенец на Хаген на Тур де Франс
Батон нема да скока од радост во Силверстоун
НБА-ѕвездата Вилијамс во Бешикташ
Пораз до пораз во Умаг

"""