Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Спорт

Работнички ја збриша Транс Нарва

Дебармаалци убедливи и во реваншот со Естонците (3:0) и со вкупни 7:1 си обезбедија лесен двомеч со Јувенес Догана од Сан Марино во второто квалификациско коло за Лига Европа

Сашко Ѓ. Димовски

Сан Марино е наредна летна дестинација за фудбалерите на Работнички на стариот континент, екипата на Јувенес од Догана, најголем град во енклавата на Апенинскиот полуостров, пак, е нивни нареден противник во квалификациите за Лига Европа. Дебармаалци ќе гостуваат во четврток во земјата чиј заштитен знак до 2007 година беа трките во Формула 1 шампионатот иако не се возеа на нејзина територија, познати по две фатални несреќи во кои животот го загубија Аиртон Сена и Роланд Раценбергер.

Ра��отнички рутински го одработи и реваншот со Транс Нарва во воведното коло. Славеше со 3:0 и со вкупни 7:1 (во Талин беше 4:1) го елиминира естонскиот тим од натамошните настапи во Лига Европа на УЕФА. Петровиќ, Маневски и Петковски овојпат беа потписници на новиот убедлив триумф на „романтичарите“ кои одиграа две различни полувремиња. Прво здодевно, бавно и без непотребно трошење на силите, второ нешто побрзо, поинтересно и поконкретно, но сепак доволно како за сериозен тренинг пред наредните европски предизвици.

„Бевме резервирани во почетните 10 минути. Сакавме да видиме што мисли противникот кој дојде на се или ништо бидејќи немаше што да загуби. На полувреме играчите се пожалија на спарните временски услови кои беа причина за малкуте шанси во првите 45 минути. Во вториот дел работите си дојдоа на свое, заигравме како што се договориме пред натпреварот. Заслужено победивме, а според шансите можевме да се радуваме и на уште поубедлив триумф“, рече по мечот Горан Петрески, тренер на Работнички.

Помирен со елиминацијата уште по првиот меч во Талин, гостинскиот тренер, Алексеј Јагудин, ја поведе екипата во Скопје само да го подобри впечатокот. Но, наместо тоа тргна на пат кон дома со нова полна мрежа. Затоа и не трошеше премногу зборови по натпреварот, свесен за разликата во квалитет што призна дека е на страна на Работнички иако води позрел и поискусен состав од „дебармаалци“.



Работнички - Транс Нарва 3:0

(прв меч 4:1)



Полувреме: 1:0. Национална арена: „Филип Втори“. Гледачи: 1.000. Главен судија: Роман Хрубеш. Помошници: Емил Убиас и Кристов Менцал (сите тројца од Чешка). Жолти картони: Гроздановски (Работнички), Григориев, Строцкис (Транс Нарва). Стрелци: Петровиќ во 45 мин., Маневски во 81 мин., Петковски во 90 мин.

Работнички: Димитриевски, Богдановиќ (Велковски), Лазаревски, Ќумбев, И. Стојанов, Тодоровски, Велкоски, Гроздановски (Ангелов), Вујчиќ, Петровиќ (Петковски), Маневски. Тренер: Горан Петрески.

Транс Нарва: Вјалчинов, Римас, Безикорновас, Цекулајевс, Абраменко, Леонтовиц (Длотников), Григориев, Кито, Епихин (Фјодоров), Строцкис, Базјукин (Грузнов). Тренер: Алексеј Јагудин.


#
Статијата е прочитана 570 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Пеналите во Белфаст кобни за Ренова
„Кралот на Ла Манш“ на 70 години ќе плива од Свети Наум до Охрид
Костарика ја совлада Боливија, Аргентина виси
Првенец на Хаген на Тур де Франс
Батон нема да скока од радост во Силверстоун
Геј опериран и ја заврши сезоната
НБА-ѕвездата Вилијамс во Бешикташ
Пораз до пораз во Умаг

"""