Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Спорт

Батон нема да скока од радост во Силверстоун

И да слави в недела, Британецот ќе внимава да не ја влоши повредата по падот од скутер на вода

Џенсон Батон ќе помисли два пати дали да скокне од радост ако в недела прв пат во својата кариера се искачи на подиумот по трката за Големата награда на Велика Британија во Формула 1. Возачот на Мекларен се' уште ги чувствува последиците од падот од скутер на вода додека беа снимани од Би-Би-Си заедно со тимскиот колега Луис Хамилтон минатата седмица во Лондон.

„Возевме скутер стоечки и ни беше кажано да не се наведнуваме, но јас го сторив токму тоа и лошо паднав, удирајќи со коленото во него“, објаснува 31-годишниот Британец. „В ред е. Бев скениран на магнетна резонанца и се' е О.К. Непријатно е тоа што не смеам да трчам четири седмици и тоа е болно. Но, можам да возам велосипед ако сакам и, уште поважно, можам силно да притискам на педалите, што и го правев на симулатор во понеделникот, па нема проблем. Ме боли само кога ја свиткувам ногата, а тоа е нешто што не го правите во болид. Ги имав сите можни проверки и добро сум“.

Батон и Хамилтон, обајцата поранешни Ф1-шампиони, се единствените возачи што го победија Себастијан Фетел од Ред бул сезонава и тие се надежта на сите тие што ќе навиваат за да победи домашен возач. Првакот од 2009 година никогаш не завршил повисоко од четвртото место во Силверстоун и во пресрет на својата 200. трка што треба да се случи месецов е решен да се искачи барем еден чекор погоре во своето 12. Британско гран-при.

„Не сум бил ни блиску до подиумот тука во Ф1-болид. Тоа ќе ми биде првата цел“, порача тој. „Тоа е една од оние трки што посакувате да ги освоите, вашето домашно гран-при. Сите ние сакаме да се бориме за титулата, да победиме во Монако и во домашната трка. Со оглед на тоа дека дома немам ништо направено досега, ќе се борам токму за тоа, бидејќи ова е посебна трка за нас Британците. Имаме голема поддршка од јавноста, па се надевам дека ќе и' приредиме добро шоу викендов“.


#
Статијата е прочитана 435 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Пеналите во Белфаст кобни за Ренова
Работнички ја збриша Транс Нарва
„Кралот на Ла Манш“ на 70 години ќе плива од Свети Наум до Охрид
Костарика ја совлада Боливија, Аргентина виси
Првенец на Хаген на Тур де Франс
Геј опериран и ја заврши сезоната
НБА-ѕвездата Вилијамс во Бешикташ
Пораз до пораз во Умаг

"""