Пораз до пораз во Умаг
Машката репрезентација на Македонија изгуби од Турција со 2:0 (25:24, 25:22) и синоќа против Кипар требаше да игра за 11. место на 7. Европско првенство во ракомет на плажа што завршува денеска во хрватскиот град Умаг. Ракометарките, пак, синоќа требаше да се борат со Украина за деветтото место, а пред тој дуел изгубија од Кипар со 2:1 (24:18, 13:17, 5:2). (Р.Д.) |