Персон славеше во суперкомбинација Ања Персон е победник во првата овосезонска суперкомбинација возена во Сент Мориц. Швеѓанката до победата дојде славејќи со повеќе од една секунда предност во однос на Никол Хосп.
Вчерашното возење на 27 годишната Персон потврди дека и покрај разочарувачкиот досегашен дел од сезоната таа е најуниверзалната скијачка заедно со Линдзи Вон, која крајно лошо го извозе супвелеслаломот. Грешката на Вон ја искористи и Хосп, која од 17 место во слаломот, стигна до втората позиција со одличниот настап во супервелеслаломот.
Суперкомбинација
1. Ања Персон (Шве) 1:41,87 мин
2. Никол Хосп (Авс) +1,12
3. Фабин Сутер (Шва) +1,60
Супервелеслалом (мажи Вал Гардена)
1. Вемер Хел (Ита) 1:35,04
2. Дидие Дефаго (Шва) +0,43
3. Патрик Јербин (Шве) +0,45
|