Рој постигна 52 коша против Феникс
„Експлозија“ на дефанзивецот на Портланд, Брендон Рој, кој оствари рекордни во кариерата, 52 коша, во триумфот на блејзерси над Феникс со 124:119. Тој ја постигна решавачката тројка на една минута до крајот на мечот, а во последната четвртина уфрли 14 поени. Неговиот ефект е втор најдобар во клупската историја на Портланд, тим кој со оваа победа го подобри скорот оваа сезона на 17-10.
„Ова беше мојот најдобар натпревар во кариерата. Имав многу самодоверба и ми се чинеше дека секој шут на кошот ќе биде прецизен“, рече Рој по мечот.
Најекспониран во шутерски обиди на „сонцата“ беше Амар Стадемаер. Тој забележа ефект од 23 коша и осум скока, но не успеа да го спаси својот тим од пораз иако на две минути пред крајот Феникс водеше со 117:115.
Резултати: Орландо - Сан Антонио 90:78, Портланд - Феникс 124:119. |