Роналдо: Не ме интересира Реал М., добро ми е во Јунајтед
Роналдо одби да коментира за шпекулациите дека веќе потпишал преддоговор со „кралевите“ од наредното лето да прејде во Мадрид
Кристијано Роналдо освојувачот на „Златната топка“ на „Франс фудбал“ за најдобар фудбалер во светот, одби да коментира за шпекулациите дека веќе потпишал преддоговор со „кралевите“ од наредното лето да прејде во Мадрид. Моменто тој со својот тим се наоаѓа во Јапонија, каде в недела ќе игра во финалето на светското клупско првенство против еквадорскиот Кито.
„Не сакам воопшто да зборувам за Реал М. Среќен сум во Манчестер Ј.“, беше се што кажа Роналдо во врска со тоа и се префрли на темата за финалето: „Сите ја сакаме тројната круна. На титулите во Премиерлигата и Лигата на шампиони да ја додадаме оваа од светското клупско првенство. Свесни сме дека Кито е одлична екипа и дека ќе ни биде потешко отколку со Осака“, додаде Роналдо.
Тренерот на Јунајтед, Алекс Фергусон, изјави дека на Реал М не би му продал вирус, а камоли Роналдо. „Зарем навистина мислите дека ќе преговарам со мафијата од Реал Мадрид. Исусе, па нема никакви шанси. На нив не би им продал ни вирус. Му кажав на извршниот директор Дејвид Гил дека во скоро време ќе тргнат нови шпекулации за заминување на Роналдо. Тоа мора да го ингорираме“, изјави лутиот Фергусон.
Валенсија за Вилја бара шокантни 127 милиони евра
Челниците на Манчестер Сити се изненадија кога водечките луѓе на Валенсија им порачаа дека за Давид Вилја бараат ни помалку ни повеќе туку 127 милиони евра. Од друга страна Сити бил подготвен да издвои 43 милиони. Така богатите арапски сопственици на клубот им порачале на фудбалските стручањаци во тимот да побараат на пазарот поефтини фудбалери. |