За победникот на ЛШ до 110 милиони евра
Освојувачот на Лигата на шампионите сезонава би можел и покрај светската економска криза да заработи до 110 милиони евра, покажа истражувањето на Сајмон Чедвик, професор на Универзитетот во Ковентри. Тимот, кој би загубил во финалето во Рим на 27 мај би бил платен за тој пораз до 40 милиони евра.
Инаку, сите екипи кои вчера учествуваа во ждрепката во Нион досега од влезници, сувенири и реклами заработиле во просек по 38,45 милиони евра, а цената на фудбалерите што се дел од тие тимови пораснала во просек за 13 отсто. |