ХОЗЕ КАРЕРАС
Не размислува за пензија
Шпанскиот тенор Хозе Карерас одлучил се' уште да не заминува во пензија, а ваква изјава била дадена откако во едно интервју за британскиот „Тајмс“ погрешно се сфатила неговата изјава. На прашањето дали планира да се повлече од музиката и да замине во пензија, тој изјавил дека неговото заминување се однесува само на оперските улоги, кои веќе со години не ги игра, но оти и понатаму планира да настапува на ексклузивни концерти и рецитали ширум светот.
Сепак, од организацијата посветена на светските тенори потврдиле дека Карерас не се откажал засекогаш од операта и дека постои веројатност да направи исклучок од правилото и наскоро да настапи во една, чие име се' уште не се спомнува.
Дури организацијата потврдила и дека кога професионалните и уметничките услови ќе бидат поставени на задоволително ниво за Карерас, тој со особено задоволство ќе настапи како дел од оперската екипа. |