РОБИ ВИЛИЈАМС
Кам-бек на златното момче
Проблематичниот пејач Роби Вилијамс одлучил да ја најави својата голема повратничка турнеја, која според финансиските извештаи би требало да чини околу 10 милиони фунти. Иако во медиумите надолго се најавувало враќањето на групата „Тејк дет“, на која требало да и' се придружи и Роби, сепак на крај била донесена одлука тој да направи самостојна турнеја.
„Роби има за цел да ја стави во втор план турнејата на Мајк Џексон и групата ’Тејк дет‘ преку изведување вистинско шоу на сцената. Мислам дека неговите концерти ќе бидат вистински спектакл. Крајна цел му е да се врати на сцената како крал на поп-музиката, за што некогаш важеше“, изјавил извор за една британска телевизија.
Имено, од 2006 година па се' до денес Роби не издал ниту еден албум, а според истиот извор изминатите две и пол години ги посветил на пишување и подготвување на материјалот, кој би требало да биде готов до почетокот на турнејата.
„Роби напорно работеше на материјалот, но она што планира да и' го приреди на публиката ќе претставува вистинска сензација. План му е да ги врати сите изгубени планови“, додал изворот. |