Број 3264  четврток, 22 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Во Битола прва клапа на филмот „Вишновата градина“

Во Битола вчера пристигна екипата што за прв пат во светот на филмско платно ќе го стави краткиот игран филм „Вишновата градина“ од Чехов, во режија на Гоце Димовски. „Филмот ќе се снима на три локации, во офицерскиот дом и кај железничката станица во Битола, како и на брегот од Преспанското Езеро. Радосен сум што за прв пат и во ваква форма во светот, ’Вишновата градина‘ ќе биде биде на филмско платно и што освен во Македонија ќе биде прикажана на фестивалите во Оберхаузен-Германија, Монпеље-Франција и на фестивалот за краток игран филм во Москва“, изјави режисерот на филмот Гоце Димовски.

Краткиот игран филм „Вишновата градина“ е финансиран со средства од Филмскиот фонд на Македонија како проект од јавен национален интерес во програмата за 2010 година. Тоа е и дебитантски проект на режисерот Димовски, кој во досегашната кариера ги потпишал документарните филмови „Времето што убива“, „Средба со монахот“ и „Трендафил и Кунатка“. „Првата клапа на филмот ’Вишновата градина‘ ќе ’падне‘ в сабота во преуредениот офицерски дом во Битола. Главната улоги се доверени на Габриела Петрушевска која ќе го игра ликот на Љуба Андреевна и Мето Јовановски, кој ќе го игра ликот на Арсе“, посочи режисерот Димовски.

„Вишновата градина“ е краток игран филм во македонско-бугарска-француска-српска продукција и во неговата реализација вклучени се продукциските куќи „Молика-филм“ од Скопје, „Cinema Q“ од Софија, „Axel Cinema“ од Париз и „Mobbing pictures“ од Белград. (К.Р.)


#
Статијата е прочитана 372 пати.

Испрати коментар

Од: Ivana
Датум: 22.04.2010 09:32:06
Odlicen proekt koj se nadevam deka ke dozivee golem uspeh
Од: Meri
Датум: 22.04.2010 09:38:15
Dobro e, samo dali filmadziite znaat kakao sega izgleda t.n oficerski dom vo Bitola?
Од: минхаузен
Датум: 22.04.2010 10:41:23
Стварно сте забегани. Може режисерот да си изјавува што сака, ама не можете вие да го печатите како потврдена работа. На нероден Петко капа му кроите. А кои награди ќе ги добие на фестивалите, не ни кажавте?! Треба да го селектираат прво таму па да каже дека ќе се прикажува, ама во земја на таленти се проаѓа. додуше треба прво да го сними, известувањето ви е од првата клапа и зашто известувате за прва клапа на краткометражен. За сите ли кога почнуваат пишувате?

Најди! во Утрински
Култура
Тројца уметници Јанез Јанша вечерва во ЦК
Утре хуманитарен концерт
„Љубовна напивка“ ќе го означи почетокот на Мајските оперски вечери
Промоција на „Македонски дијалектен атлас“ во МАНУ
Он-лајн билети
Концерт на Македонската филхармонија
„Ѕверови во системот“ во „Мала станица“