Утре хуманитарен концерт
Македонската опера во соработка со „Two hearts production“ во петок во 20 часот ќе одржи хуманитарен концерт за 12-годишниот Емил Новески, кој боледува од редок вид леукемија и во моментов се наоѓа на лекување во Германија.
Под диригентската палка на Јанг Чил Ли од Јужна Кореја, како солисти ќе настапат: Ирена Кавкалеска, Зоран Сотиров, Славица Петровска Галиќ, Ѓорѓи Цуцковски, Весна Гиновска-Илкова, Горан Начевски, Благица Поп-Томова, Марика Поповиќ и Сандра Митровска. |