Промоција на „Македонски дијалектен атлас“ во МАНУ
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, денеска напладне во просториите на Македонската академија на науките и уметностите ќе го промовира своето најново издание. Станува збор за „Македонски дијалектен атлас“, изработен од соработниците на Одделението за дијалектологија на македонски јазик во Институтот.
Поздравна реч ќе одржи претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов, а изданието ќе го промовираат: проф. д-р Максим Каранфиловски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и проф. д-р Слободан Реметиќ. (Н.П.) |