Број 3264  четврток, 22 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Сто години од смртта на Марк Твен

„Сите американски писатели потекнуваат од книгите на Марк Твен за Хаклбери Фин“, вели Ернест Хемингвеј

Годинава се навршуваат 100 години од смртта на Твен и 125 години од првото издание на „Авантурите на Хаклбери Фин“.

Градот Ханибал во Мисури на Мисисипи, каде што Марк Твен го поминал детството, на 21 април одбележа стогодишнина од неговата смрт. Оваа година се навршуваат и 125 години од првото издание на „Авантурите на Хаклбери Фин“. Доживувањата на Том Соер и Хаклбери Фин долж брегот на Мисисипи по која пловат параброди е слика која навраќа на спомените на името на познатиот американски писател, Марк Твен.

Марк Твен е псевдоним на Семјуел Ленгхорн Клеменс кој е роден на 30 ноември 1835 година во Флорида, а умрел на 21 април 1910 година во Рединг. Сепак, Ханибал е место на неговото детство, бидејќи во тоа гратче на Мисисипи, веднаш до индијанска територија, живеел од четвртата година.

Марк Твен бил еден од најголемите хумористи во светската книжевност и прв типичен американски писател. Американското општество тој го отсликал во широк дијапазон на односи меѓу луѓето и нивните чувства од животниот восхит па се до безнадежноста. Американскиот писател Ернест Хемингвеј една прилика рекол дека „сите американски писатели потекнуваат од книгите на Марк Твен за Хаклбери Фин“.

Твен го поминал детството на брегот на Мисисипи исто како неговите најпознати јунаци Том Соер, Хаклбери Фин и нивните другари. Неговиот живот, исто така бил авантуристички: работел на речен брод, бил во потрага по злато во Калифорнија, патувал по Средниот Исток и Европа. Туристи од цел свет доаѓаат во гратчето Ханибал на реката Мисисипи во државата Мисури, да го видат местото кое Твен го опишал во своите дела. Ханибал има посебно значење за авторот на романот за децата од американскиот југ, во чија слава во тоа јужно гратче е основана „Детска куќа“.

„И кога Твен замина од Ханибал, мислам дека Ханибал него никогаш не го напушти“, изјави за „Глас на Америка“ Хенри Свитс, кустос на „Детската куќа“ и музејот на „Марк Твен“ во Ханибал. „Тоа што Марк Твен во Ханибал бил изложен на се - од училиштето, црквата па се до ропство - и што го поминал детството тука, подоцна ги збогатило неговите текстови“, смета Свитс.

Музејот во Ханибал се грижи за местата кои Твен ги овековечил во своите книги за авантурите на Том Соер и Хаклбери Фин. Куќата во која славниот писател живеел привлекувајќи туристи од целиот свет, исто како и белата ограда која ја бојадисувал неговиот јунак Том Соер. „Во текот на годината, во нашата книгата на посетители очекуваме да се запишат гости од 70-80 земји“, вели кустосот Свитс, додавајќи дека минатата година Ханибал го посетиле околу 300.000 луѓе, од кои најмалку 20 отсто биле во музејот на Твен.

Марк Твен за Ханибал говореше во својот карактеристичен хумористички-сатиричен стил: „Бев жител на Ханибал, но премногу млад за да можам вистински да му наштетам“. Но, веројатно Твен не се надевал дека Ханибал ќе го слави токму него. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 369 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Тројца уметници Јанез Јанша вечерва во ЦК
Утре хуманитарен концерт
„Љубовна напивка“ ќе го означи почетокот на Мајските оперски вечери
Промоција на „Македонски дијалектен атлас“ во МАНУ
Во Битола прва клапа на филмот „Вишновата градина“
Он-лајн билети
Концерт на Македонската филхармонија