Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Хроника

Петмина млади признале дека извршиле планирано разбојништво

Скопската полиција го расветли и документира разбојништвото ш��о се случи на 18 октомври на влезот во скопското село Студеничани. Според добиените сознанија, можни сторители се лицата А.Н.(18), Ф.М.(24), А.Б.(17), А.Н.(18) и А.И.(19), сите жители на Студеничани. Осомничените биле повикани во Полициската станица „Драчево“ каде што бил извршен службен разговор со нив и, притоа, го признале делото во целост, како и начинот како го извршиле.

Од разговорот со осомничените било утврдено дека лицето З.О. во еден подолг период временски период преку Интернет контактирал со лице кое се претставило како Нено. Тие се договориле на 18 октомври да се сретнат во Студеничани, а тој од него да земе компакт-диск со антивирус за компјутер. Лицето, кое се претставило како Нено, всушност, бил А.Н., а тој, пак, имал претходен договор со другите лица и со малолетникот А.Б. да извршат разбојништво врз З.О., но претходно да извршат лажно разбојништво врз него. Така, кога оштетениот дошол на договореното место, на влезот во Студеничани, со својата „шкода фелиција“, влегол и А.Н., но тогаш дошле и неговите пријатели. Тие ги отвориле вратите од возилото, а А.И., кој имал нож в рака, и А.Б. го извлекле лажниот Нено, по што го претресле. Тој добил и неколку удари, а му бил одземен мобилен телефон и златна алка, а одземеното Ф.М. го продал на Бит-пазар. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 918 пати.

Испрати коментар

Од: nena
Датум: 16.11.2010 09:27:48
lele prikaznava!!! Ko citat od K15!!! haos!!

Најди! во Утрински
Хроника
Каде завршуваат парите за затворите
Од денеска зимска опрема за возилата
Поштарот од Вељуса пронајден обесен кај Русиново
Пијан скопјанец стрелал во строгиот центар на градот
Вработена во МВР измамила нотар
Пукано во магацини на приватна компанија
„Фиат“ удри во дрво, загина сопатничка
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial