Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Хроника

Вработена во МВР измамила нотар

Одделението за економски криминал при СВР - Скопје поднело кривична пријава до скопското Јавно обвинителство за четири лица, од кои двајца вработени во МВР, поради постоење сомнение дека сториле кривично дело измама. Според МВР, се работи за лицата Ј.М.(41), К.П.(44), вработен во МВР, М.З.(33) и Ј.М.(50), исто така, вработен во полицијата.

Измамата била извршена така што првоосомничената, со намера да се стекне со противправна имотна корист, односно со куќата што била во сопственост на нејзиниот сопруг, заедно со останатите тројца осомничени на 31 март 2008 година лажно прикажала дека К.П. е нејзин сопруг, довела во заблуда еден скопски нотар. Имено, нотарот извршил солемнизација на договор за подарок со кој оштетениот Ј.Б., во својство на дарувач, наводно, и' го подарил на Ј.М..

Од МВР во целост го потврдуваат настанот што се случил кон крајот на март, а кој на 1 април 2008 година финиширал со барање за промена на сопственост. Имено, за бараната промена осомничената го приложила и солемнизираниот договор за подарок, а бараната промена била реализирана на 24 октомври истата година. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 1746 пати.

Испрати коментар

Од: TRAJANKA
Датум: 15.11.2010 15:05:54
Vakvi ne sovesni sluzbenici mene me izbrisale od drzavjanstvo ,1994 so obrazlozenie deka nema evidencija 15 godini da sum zivela vo MK . Jas rodena Skopjanka 30 godini so ne prekinat prestoj vo Skopje 3 licni karti imam smeneto , i sto e naj tragicno , nikoj ne ja isprava greskata . Ovoj slucaj so izmama ke otvori Pandorina kutija , zosto kolegite i pomagale , sto oni dobile za protiv usluga . Sluzbata za vnatresni raboti mora da se ocisti od ne sovesni rabotnici . Naj tesko e da si dobar Policaec zosto toa e rabota kao noz so dve ostrici .
Од: lazeski
Датум: 15.11.2010 18:39:27
Ako MVR e tolku agilno,togas i portparolot Kotevski treba da odgovara,za lazno iskazuvanje deka Protiv fiirmata Konartis i Goxe Zelenkovski,navodno nemalo podneseno Krivicna Prijava protiv nego sto e Notorna Laga.Znaci vo MVR od glavata true,a Prerodbata go stiti Kriminlot.

Најди! во Утрински
Хроника
Каде завршуваат парите за затворите
Од денеска зимска опрема за возилата
Поштарот од Вељуса пронајден обесен кај Русиново
Пијан скопјанец стрелал во строгиот центар на градот
Петмина млади признале дека извршиле планирано разбојништво
Пукано во магацини на приватна компанија
„Фиат“ удри во дрво, загина сопатничка






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry