Од денеска зимска опрема за возилата
Согласно со одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, од денеска започнува примената на законската обврска за задолжително поседување на пропишаната зимска опрема за моторните возила и за работните машини. Зимската опрема ќе биде задолжителна се' до 15 март идната година.
Од МВР информираат дека во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски, односно шумски работи, прецизно е наведена зимската опрема според категоризација на возила. (Љ.С.) |