Пијан скопјанец стрелал во строгиот центар на градот
Во саботата, во 22,40 часот, на скопската улица „Македонија“, кај пешачкиот премин од раскрсницата со улицата „Вељко Влаховиќ“, лицето В.М. (38) од Скопје, под дејство на алкохол, предизвикал општа опасност со тоа што од паркиран „фолксваген туарег“ испукал повеќе куршуми во воздух.
Тој бил забележан од полицијата и бил приведен, а од местото биле подигнати испуканите чаури. (Љ.С.) |