Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Хроника

Поштарот од Вељуса пронајден обесен кај Русиново

Александар Зифовски (50), вработен во поштата во струмичкото село Вељуса, зав��ера попладне е пронајден обесен на дрво во месноста Дупките, во атарот на беровското село Ратево. Безживотното тело на Зифовски висело на едно дрво, а го забележал жител од селото Русиново. Според првичните сознанија на полицијата и состојбата во која се наоѓал трупот, Зифовски, најверојатно, пред еден месец си го одзел животот.

Исчезнувањето на Зифовски, кој 30 години работел во поштата, го пријави неговото семејство уште на 2 октомври годинава. Бидејќи неговиот автомобил беше пронајден во близина на беровското село Двориште во близина на македонско-бугарската граница, се претпоставуваше дека тој по илегални премини заминал во Бугарија.

Поштенскиот работник за неколку месеци успеал од своите соселани незаконски да заработи околу еден милион денари. Парите од сметките за струја, вода и телефон тој не ги пријавувал во „Македонски пошти“, туку ги присвојувал. Откако некои од граѓаните добиле опомени дека сметките не им се платени, а екипи на ЕВН дошле да ја исклучуваат струјата, тие се пожалиле во поштата во Струмица, по што беше откриен целиот случај. (Е.П.)


#
Статијата е прочитана 1387 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Каде завршуваат парите за затворите
Од денеска зимска опрема за возилата
Пијан скопјанец стрелал во строгиот центар на градот
Петмина млади признале дека извршиле планирано разбојништво
Вработена во МВР измамила нотар
Пукано во магацини на приватна компанија
„Фиат“ удри во дрво, загина сопатничка






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry