Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Папандреу побара поддршка за својот кризен кабинет

АТИНА - Премиерот Јоргос Папандреу, под опсада од јавните протести и незадоволството во неговата партија, вчера упати апел до Грците да ги поддржат длабоко непопуларните реформи за штедење и да избегнат катастрофално банкротство. Папандреу зборуваше пред парламентот на почетокот од гласањето за недоверба на својот нов кризен кабинет, пред средбата на министрите за финансии од еврозоната во Луксембург на која се очекува да се додели нова транша помош за спас на Грција.

Папандреу, чиј политички опстанок е доведен во прашање, изјави дека Грција се наоѓа на критична раскрсница и нејзините резерви во готовина наскоро ќе бидат исцрпени без траншата од 12 милијарди евра од Европската унија и од ММФ. „Последиците од насилно банкротство или излез од еврото би биле веднаш катастрофални за домаќинствата, банките и за кредибилитетот на земјата“, изјави тој пред парламентот. Папандреу изврши реконструкција на неговата влада по жестоко несогласување во владејачката партија по заминувањето на тројца пратеници и јавни протести, кои му се закануваат на петгодишниот пакет за нови даночни зголемувања, приватизации и намалувања на трошоците договорени со меѓународните кредитори на Атина.

„Ние сакаме гласање на доверба не поради тоа што бараме жртвено јагне... туку затоа што сакаме да преземеме акција и политичка иницијатива со цел Грција да не зависи од кредиторите во иднина“, изјави Папандреу. Тој рече дека меѓународните кредитори не се импресионирани од сликата за Грците поделени околу реформите.

Демонстрантите ветија дека ќе ги засилат протестите што еруптираат во насилство минатата среда, а синдикатите планираат нови штрајкови за одвраќање на законодавците од намерата да го изгласаат новиот план. Работниците во грчката државна компанија ППЦ посочија дека ќе почнат со 48-часовен штрајк на полноќ, кој би можел да резултира со постојан прекин на снабдувањето со електрична енергија за да се спротивстават на плановите на власта да ја продаде компанијата.

Во обид да се намали непопуларноста на реформите Папандреу вети дека ќе ги исправи неправдите во нивната имплементација и ќе осигури сиромашните да не бидат најсериозно погодени од зголемувањето на даноците. Тој, исто така, наведе дека Грција ќе одржи референдум наесен за реформи за промена на изборниот и на политичкиот систем во земјата.

Папандреу вчера побара поддршка од опозицијата за одбегнување национален банкрот, велејќи дека земјата е соочена пред критичен момент. „Ајде да ја свртиме страницата, да престанеме да се бориме во овие критични времиња, да престанеме да испраќаме слика кон светот дека земјата е растргната“, изјави Папандреу. Тој одговараше на говорот од Антонис Самарас, лидер на конзервативната опозициска партија Нова демократија, кој побара распишување избори и повторно преговарање за меѓународниот пакет за санација за спас на Грција од должничката криза. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 383 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Грчката криза им се заканува на економиите на уште пет држави
НАТО ќе истражува дали погодиле цивилни цели во Либија
Гутерес во посета на бегалците на Лампедуза
САД се вклучени во преговорите со талибанците
Се бара отфрлање на обвиненијата за Бин Ладен
Ватикан ќе штити од злоупотреба од свештеници преку интернет
Почина Јелена Бонер - руски борец за човекови права

"""