Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Ватикан ќе штити од злоупотреба од свештеници преку интернет

ВАТИКАН - Ватикан ќе основа онлајн-центар што ќе помага во заштита на децата и на жртвите од сексуална злоупотреба од свештеници, како дел од напорите да се справи со штетните скандали. Римокатоличката црква се подготвува за голема конференција на оваа тема, што ќе се одржи следниот февруари во Рим. Ватикан им кажа на бискупите да дојдат со насоки за борба против злоупотребата, кои се во согласност со локалните закони.

Центарот ќе нуди насоки за оние што треба да одговорат на случаите на злоупотреба, како и обезбедување информации за жртвите. Нивните совети ќе бидат достапни на германски, англиски, француски, шпански и на италијански јазик. „Онлајн-центарот ќе соработува со медицински институции и универзитети за развој на константен одговор на проблемите предизвикани од сексуална злоупотреба“, изјави монсињор Клаус Петер Францл, од надбискупската дијацеза од Минхен.

Приватни донатори ветиле финансиски средства за одржување на базата на податоци за првите три години. Групите од жртви го критикуваа Ватикан поради неговиот бавен одговор на тврдењата за сексуална злоупотреба од свештеници.

Ватикан изгледа доаѓа на мислење дека мерките преземени од раководството на Католичката црква во Англија и во Велс во изминатата деценија за справување со сексуалните злоупотреби на деца од свештеници би можеле да обезбедат модел што другите земји може да го следат. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 307 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Свет
Грчката криза им се заканува на економиите на уште пет држави
НАТО ќе истражува дали погодиле цивилни цели во Либија
Гутерес во посет�� на бегалците на Лампедуза
САД се вклучени во преговорите со талибанците
Папандреу побара поддршка за својот кризен кабинет
Се бара отфрлање на обвиненијата за Бин Ладен
Почина Јелена Бонер - руски борец за човекови права

"""