Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Се бара отфрлање на обвиненијата за Бин Ладен

Американското обвинителство побара судот да ги отфрли обвиненијата за тероризам против Осама бин Ладен, наведувајќи дека неговото убиство од страна на американските сили што се случи во мај го поништува случајот. Бин Ладен беше обвинет во федерален суд во 1998 година во врска со бомбашките напади врз американските амбасади во Кенија и во Танзанија кога загинаа 224 лица во август 1998 година. Во судските документи, официјалните лица посочија дека ДНК-анализата и технологијата за препознавање лица им овозможиле на САД да го идентификуваат неговото тело. Првиот човек на Ал Каеда беше убиен во мај во американска операција врз неговиот дом во Пакистан.

Во судските документи во Њујорк федералните обвинители откриваат нови детали за процесот употребен за идентификација на телото на Бин Ладен, откако тој беше убиен во ноќната операција во Аботабад, Пакистан. Според документите, по престрелката со американските специјалци тимот зел ДНК-примероци од телото за кое се претпоставувало дека е на Бин Ладен и ги пренело до американската воена база во Авганистан. Таму армиски и техничари на ЦИА ги споредиле примероците со ДНК собрана од „повеќе членови“ на семејството на Бин Ладен.

Џорџ Тоскас, официјален претставник на одделот за контратероризам и контрашпионажа при Министерство за правда пишува во документите дека можноста за погрешна идентификација што произлегува од ДНК-тестовите е „околу еден на 11,8 квадрилион“.

Соединетите Американски Држави употребиле технологија за препознавање на лицето за да ја споредат структурата на коските на лицето, возрасните дамки, примерокот за растење на косата, големината, формата и релативната позиција на очите, ушите и носот од фотографии на првиот човек на Ал Каеда, пишува Тоскас. Една од сопругите на Бин Ладен, која беше присутна на третиот кат од објектот каде што тој е убиен, исто така, го потврди неговиот идентитет. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 438 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Грчката криза им се заканува на економиите на уште пет држави
НАТО ќе истражува дали погодиле цивилни цели во Либија
Гутерес во посета на бегалците на Лампедуза
САД се вклучени во преговорите со талибанците
Папандреу побара поддршка за својот кризен кабинет
Ватикан ќе штити од злоупотреба од свештеници преку интернет
Почина Јелена Бонер - руски борец за човекови права

"""