Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Гутерес во посета на бегалците на Лампедуза

Високиот комесар на ОН за бегалци, Антонио Гутерес, пристигна на италијанскиот остров Лампедуза. Повеќе од 40.000 бегалци, вклучувајќи и голем број Либијци, пристигнаа на овој мал остров, честопати патувајќи со преполни и небезбедни бродови. Некои бегаат од насилството во Северна Африка, додека многумина видоа можност за влез во ЕУ. Актерката Анџелина Џоли, исто така, е во посета на Лампедуза, каде што има 5.000 жители, како амбасадор на „Добра волја“ на ОН.

Посетата на Гутерес на Лампедуза е со цел сам да ги види условите во кои се наоѓаат емигрантите. Илјадници лица се испратени во камповите на италијанско копно, што доведе до политички спор со други ЕУ-земји, кои, пак, стравуваат дека емигрантите би можеле да ги преминат нивните граници. Други, пак, се испратени назад во Тунис. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 314 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Грчката криза им се заканува на економиите на уште пет држави
НАТО ќе истражува дали погодиле цивилни цели во Либија
САД се вклучени во преговорите со талибанците
Папандреу побара поддршка за својот кризен кабинет
Се бара отфрлање на обвиненијата за Бин Ладен
Ватикан ќе штити од злоупотреба од свештеници преку интернет
Почина Јелена Бонер - руски борец за човекови права

"""