Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Почина Јелена Бонер - руски борец за човекови права

МОСКВА - Јелена Бонер, неуморна критичарка на кршењето на човековите права од советските власти и сопруга на добитникот на Нобеловата награда за мир, Андреј Сахаров, почина на 88-годишна возраст. Бонер ја продолжи борбата за човековите права и демократија и во посткомунистичка Русија и беше најотворена критичарка на премиерот Владимир Путин.

Бонер почина во саботата, во САД, каде што живееше во последните неколку години во околината на Бостон, соопшти нејзиното семејство, но не ја наведе причината за смртта.

Родена во советски Туркменистан на 15 февруари 1923 година, од родители што биле прогонувани за време на советскиот лидер Јосиф Сталин, Бонер била медицинска сестра за време на Втората светска војна. Членка била на советското дисидентско движење што се разви во 60-тите години, таа е коосновач на Московската хелсиншка група во 70-тите години, организација за почитување на човековите права што го предизвикувала угнетувањето од власта. Во 1972 година таа се омажила за Сахаров, нуклеарен физичар што помогнал да се развие советската атомска бомба, но подоцна ја искористил својата проминентност за да зборува за мир и за почитување на човековите права. Тие се сретнале на судењето на активисти во 1970 година. Бонер го претставувала Сахаров на церемонијата за доделување на Нобеловата награда за мир во Осло во 1975 година, при што помогнала да се одржи комуникацијата со Москва и со Запад кога него го протерале во Горки, во 1980 година, откако зборувал против советската инвазија во Авганистан.

Сахаров и Бонер во 1986 година се вратија од егзил во Москва, на покана на советскиот лидер Михаил Горбачов. Сахаров почина во декември 1989 година, две години пред распаѓањето на Советскиот Сојуз.

Бонер беше членка на Државната комисија за човекови права во времето на Борис Елцин, но се повлече во знак на протест поради војната во Чеченија. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 433 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Грчката криза им се заканува на економиите на уште пет држави
НАТО ќе истражува дали погодиле цивилни цели во Либија
Гутерес во посета на бегалците на Лампедуза
САД се вклучени во преговорите со талибанците
Папандреу побара поддршка за својот кризен кабинет
Се бара отфрлање на обвиненијата за Бин Ладен
Ватикан ќе штити од злоупотреба од свештеници преку интернет

"""