Број 2993  сабота, 23 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

„Шпедитерите“ му покажаа заби на Фени И.

Работнички за прв пат славеше сезонава во Кавадарци и тоа во првиот меч од финалето

Фершпед Работнички тогаш кога е најпотребно - во првиот меч од финалната серија подобар до четири успеа да покаже заби и да го совлада Фени индустри за прв пат сезонава во неговото Кавадараци (66:63).

Тоа беше трилер натпревар во кој подобро се снајдоа гостите, на кои не им затрепери раката во пенал завршницата. Токму преку слободни фрлања „шпедитерите“ дојдоа до водство од 63:59 на само 37 секунди пред крајот. Потоа Доналд Кол исто така од пенал линијата намали на 61:63. Филиповиќ повторно зголеми на 65:61, а Самрџиев врати за 63:65. На спротивната страна Тасовки погоди едно слободно фрлање за 66:63. Актуелниот шампион имаше седум секунди со тројка да го одведе мечот во продолженија, но Самарџиев не успеа.

Инаку, и овој натпревар покажа одредена неконстантност и кај двете екипи. Така најпрвин домаќинот знаеше да направи серија од 13:1 во првиот дел, а во вториот Ф.Работнички беше тој кој оствари серија од 11:1. Најефикасни кај гостите беа Тасовски со 13 и Филиповиќ со 12, а кај домаќините Кол со 13 и Бошњак со 11.

Вториот меч се игра �� недела во „Градски парк“ во 20,15 часот.

Фени И. - Ф.Работнички 63:66



По четвртини: 20:13, 12:19, 15:14, 16:20.

Сала: „Јасмин“, гледачи: 1500, судии: Мицевски, Денковски, И.Митровски

Фени И: Мираковски 7, Прековиќ 7, Баснарков, Јововиќ 2, Јаневски, Бошњак 11, Гоцевски, Ѓуров 8, Неделков, Крстев, Самарџиев 8.

Ф. Работнички: Угриновски 6, Стојановски 7, Грнчаров 6, Филиповиќ 12, Симиќ 9, Караколев, Тасовски 13, Марковски, Трајковски 7, Митровиќ, Пачун 6, Дилберовски.




Статијата е прочитана 155 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Барса во паника пред финалето на ЛШ во Рим
Боро Узунов
Финалето на Купот без фаворит
Деспотовски, Ивановски и Мемеди нови имиња
Денис Менчов ја презеде розевата маица
Македонските куглари без медал од СП
Битка за „кралството“ на Надал
Барикело- Овој пат редот е на мене
Eнтони и Билапс ги уништија Лејкерси на нивен терен