Постарите љубители на фудбалот се' уште ги паметат головите на првиот стрелец на Вардар во тие седумдесетти години кога „црвено-црните“ играа во прволигашкото друштво во поранешна Југославија. По долга и тешка болест почина Боро Узунов, кој своите најголеми фудбалски успеси ги постигна во дресот на Вардар. Кариерата ја започна во Кожуф каде со своите голови го сврте вниманието и набргу го облече дресот на тогашниот скопски МИК кој се натпреваруваше во Втората лига на Југославија. Меѓутоа, набргу доби покана од Вардар и повеќе од пет години го носеше неговиот дрес за кој има одиграно 258 натпревари од кои 131 првенствен. Во овој период Боро Узунов постигна 92 гола, 28 првенствени. Од него стравуваа сите прволигашки голмани бидејќи знаеше од најтешки ситуации да ја затресе противничката мрежа.
Играше во оној познат тим на Вардар заедно со браќата Мето и Ванчо Спасовски, со Јосе Сребров, со Мечкаров, Кочо Димитровски, Балевски, со Ѓоко Николовски, Диме Георгиев и со популарниот Мутибариќ на голот.
Интересно е да се напише дека кариерата ја заврши во еден мал клуб во Пролетер од Стојаково каде практично ги направи и првите фудбалски чекори пред да дојде во Кожуф. Погребот на Боро Узунов беше извршен вчера во неговото родно село Богородица кај Гевгелија што беше и негова голема желба. (М.М.)
Steta,posle smrta na mojot blizok prijatel Sipo,mi otide uste eden blizok prijatel.Navistina zalosno dvajcata bea bliski i dobri za edna god. dvajcata ne napustija.vecen vi pomen prijateli.
Од: cicko Andon Doncevski
Датум: 23.05.2009 11:57:41
Igrase vo istiot dres sto i jas samiot go nosev so godini, so golem ponos, mnogu radost i sreka.
Ti blagodaram za postignatiot uspeh 1971 koga zasluzno pomogma da nasiot Vardar se vrati vo 1 YU liga. Od reme na vreme raboteve zaedno jas kako trener a ti kako igrac. Mnogu godini pominavme zaedno kako fudbalski rabotnici..
Dostoen pocit kon tebe i moe dlaboko socustvo do tvoeto semejstvo. Boro, lesna ti zemja.
cicko Andon Doncevski (Avstralija)