Број 2993  сабота, 23 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Барикело: Овој пат редот е на мене

Бразилецот верува дека Браун в недела во Монако нема да му даде предност на Батон

Рубенс Барикело го предупреди Џенсон Батон дека е дојдено времето тој, а не Британецот, да му донесе победа на Браун ГП. Додека Батон има четири победи во досегашните пет трки сезонава, допрва треба да се искачи на највисокот скалило на победничкиот пиедестал, ситуација што беше главната причина за незадоволството што се појави во таборот на екипата по последната трка во Шпанија. Но, место да се осврнува на настаните во Барселона, Барикело го насочува своето внимание кон победа во Монако в недела откако беше побрз од тимскиот колега на тренингот во четвртокот.

„Од 2006 година наваму секогаш било тесно меѓу нас“, изјави Барикело за „Мирор“. „Не гледам дека Џенсон ќе биде многу напред во текот на целата сезона. Дури, можам да кажам дека овој пат редот е на мене. Но, зборовите не значат ништо. Едноставно, треба да излезам на патеката, да победам и да замолчам некои луѓе. Можам да останам тука два часа и да ви раскажувам приказни за тоа дека треба да освојам трка, но тоа навистина е мојата главна цел во моментов. Просто, треба да го направам тоа. Бев несреќен поради загубената трка во Барселона, како што би бил секој возач. Секој во падокот сака да победи, а јас имам болид за да го сторам тоа. Бев доста доминантен во последната трка, но одеднаш имаше измена во пит-стопите и тој победи“.

Одлуката на Рос Браун да го сврти Батон кон стратегија за победа во трката ја разгори дебатата за тимските наредби и фаворизирања, нешто што му е многу познато на Барикело од времето кога возеше за Ферари, каде што Михаел Шумахер беше прв возач во ’режимот‘ на сегашниот тимски шеф на Браун ГП. Бразилецот, сепак, е убеден дека Браун нема да ја примени на прв и втор возач и во сегашниот тим во кој се заедно политиката од времето кога и двајцата беа дел од Ферари.

„Го имавме тоа во минатото во Ферари. Дури и Рос има некои ситуации со кои не се гордее. Обајцата имаме нова можност да докажеме дека слободата е најдоброто нешто“, вели Бразилецот. „Се' уште бев емотивен по трката и му реков на Браун дека, ако нешто било направено во корист на Батон, подготвен сум да си заминам во Бразил и никогаш повторно да не се вратам. Би требало да имаме еднакви услови и тој ми вети дека ќе биде токму така, па многу сум среќен поради тоа“.

КАМПОС СЕ ПРИЈАВИ ЗА 2010



Шпански тим во сопственост на некогашниот гран-при возач Адријан Кампос достави пријава за учество во Светскиот шампионат 2010 во Формула 1 само неколку минути откако почна да тече рокот за пријавување. Екипата Кампос Мета 1 соопшти дека го сторила тоа пет минути по полноќ по локално време, не давајќи детали за своите комерцијални партнери.

Крајниот рок за пријава е 29 мај, а ФИА ќе допушти да влезат три нови тима в година.


Статијата е прочитана 158 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Барса во паника пред финалето на ЛШ во Рим
Боро Узунов
Финалето на Купот без фаворит
Деспотовски, Ивановски и Мемеди нови имиња
Денис Менчов ја презеде розевата маица
Македонските куглари без медал од СП
Битка за „кралството“ на Надал
Eнтони и Билапс ги уништија Лејкерси на нивен терен
„Шпедитерите“ му покажаа заби на Фени И.