Број 2993  сабота, 23 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Денис Менчов ја презеде розевата маица

Рускиот велосипедист, Денис Менчов е победник на 12. етапа на Трката околу Италија, која се возеше на хронометар во должина од 60,6 километри од Сестри Леванте до Риомаџоера. Менчов, патеката полна со нагорнини и надолнини, ја возеше многу храбро и на крајот оствари убедлива победа со време од еден час 34 минути и 29 секунди.

Колку беше добар Русинот, може да се заклучи и од податокот кој вели дека второпласираниот, Американецот Леви Липхајмер, беше побавен за 20 секунди, а третопласираниот, Италијанецот Стефано Гарцели, дури една минута и три секунди.

Благодарение на овој извонреден резултат, Менчов го презема водството во генералниот пласман од Италијанецот Данило ди Лука, кој хронометарот го заврши на шестото место со задоцнување од една минута и 54 секунди. Ди Лука на првото место беше седум етапи.



Резултати, 12. етапа

1. Денис Менчов (Рус) 1:34,29

2. Леви Липхајмер (САД) + 20 сек.

3. Стефано Гарцели (Ита) + 1:03



Генерален пласман:

1. Денис Менчов (Рус) 50:27:17 часа

2. Данило ди Лука (Ита) + 34 сек.

3. Леви Липхајмер (САД) + 40


Статијата е прочитана 99 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Барса во паника пред финалето на ЛШ во Рим
Боро Узунов
Финалето на Купот без фаворит
Деспотовски, Ивановски и Мемеди нови имиња
Македонските куглари без медал од СП
Битка за „кралството“ на Надал
Барикело- Овој пат редот е на мене
Eнтони и Билапс ги уништија Лејкерси на нивен терен
„Шпедитерите“ му покажаа заби на Фени И.