Број 2993  сабота, 23 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Финалето на Купот без фаворит

Новиот шампион Македонија Ѓ.П. в недела на Градски по двојната круна против бранителот на трофејот Работнички

Миодраг Мицковиќ

Ќе биде навистина интересно утре попладне на Градскиот стадион на финалниот меч за Купот на Македонија меѓу веќе шампион на нашата држава Македонија ЃП и минатогодишниот победник на Купот Работнички. И двете екипи горат од желба да го освојат вториот трофеј во македонскиот фудбал. Македонија да ја освои двојната круна - титулата и Купот, Работнички барем да се закити со еден трофеј бидејќи одамна во текот на годинашново првенство се збогуваше со титулата што ја има освоено минатата година.

Тешко е да се рече кој е поблиску до вредниот трофеј, во Купот нема фаворит, особено кога се среќаваат две, според квалитетот изедначени екипи без оглед што „жолтите“ од Ѓорче Петров на трите последни првенствени средби со Работнички на двапати победија, една играа нерешено. И Македонија и Работнички во изминатите 16 години, кога почнаа да се и играат куп натпреварите во самостојна Македонија по еднаш беа победници. Македонија 2006 година, кога во финалето, по еден драматичен меч, со голот на Филип Ивановски во 92 минута ја победи Шкендија со 3:2, Работнички минатата година го освои Куп трофејот совладувајќи го во финалето Милано со 2:0.

Кој е сега на ред по вторпат да му се радува на Куп-пехарот? Веќе напишавме, фаворит нема, секоја прогноза е неблагодарна. Впрочем, во тоа се согласуваат и двајцата тренери - Илчо Ѓоргиевски и Гордан Здравков кои досега немаат учествувано ниту како тренери ниту како фудбалери во финалните натпревари.

„Сигурно посакувам сезоната мојот клуб да ја заврши со двојната круна што е и сон на секој прволигашки тренер“, беа зборовите на Илчо Ѓоргиевски. „Ќе биде неизвесно, мислам дека победникот ќе го реши поголема концентрација во текот на целиот меч, еден добар или погрешен потег, поголем мотив, иако и нашиот противник, како и моите играчи сака да победи. Ние сме подготвени, без оглед што Работнички има поискусни играчи кога се работи за финалните натпревари. Бојовиќ, Перендија, Мојсов, Георгиевски и Вандаир имаат веќе играно во финалето, како членови на Вардар кога го освоија Купот 2007 година, но тоа не мора да биде решавачко. Едно е сигурно, гледачите ќе имаат можност да видат еден убав меч, без калкулации, поправен испит нема“.

Гордан Здравков, кој на неколку кола пред крајот го замени на кормилото на Работнички, Бобан Бабунски, е исто така претпазлив пред мечот со Македонија.

„И јас мислам дека шансите се 50:50, нема фаворит, ниту може да се каже која екипа е поблиску до победата. Сигурно дека и ние го посакуваме трофејот, без оглед што веќе имаме обезбедено настап во Купот на УЕФА. Ја загубивме титулата, сега сите наши мисли се насочени кон пехарот на Купот. Моите играчи горат од желба да ги израдуваат своите навивачи, им должиме радост по низа слаби игри и неочекувани порази во годинашново првенство. Македонија е силен тим, нејзините играчи долго време играат заедно и можеби е тоа мала предност за нашиот противник. Ги повикувам сите љубители на фудбалот да дојдат утре попладне на Градскиот стадион, нека биде овој меч празник на фудбалот во Македонија“.

Од тимот на Работнички кој минатата година во финалето го победи Милано останаа Минас Османи и Данчо Масев, Аксентиев кој играше, сега е повреден. Од 2006 година кога Македонија ја победи Шкендија утре ќе настапат тројца фудбалери од тој меч: Даниел Јовановски, Васко Митрев и Тони Брњарчевски.

Најнесреќен е сигурно фудбалерот на Работнички Владимир Секуловски кој поради три жолти картони финалето ќе го следи од трибините. Но, затоа пак, денешниот ден ќе му биде среќен, ќе стапи во брак со својата долгогодишна придружничка - Ивона.

Мечот почнува во 16.30 часот, а ќе го суди Димитар Мечкаровски, цена на билетот е 100 денари.


Статијата е прочитана 181 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Барса во паника пред финалето на ЛШ во Рим
Боро Узунов
Деспотовски, Ивановски и Мемеди нови имиња
Денис Менчов ја презеде розевата маица
Македонските куглари без медал од СП
Битка за „кралството“ на Надал
Барикело- Овој пат редот е на мене
Eнтони и Билапс ги уништија Лејкерси на нивен терен
„Шпедитерите“ му покажаа заби на Фени И.