Број 2993  сабота, 23 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Деспотовски, Ивановски и Мемеди нови имиња

Селекторот Јонуз го објави списокот за квалификациски мечеви за СП 2010 со Норвешка и Исланд

Фудбалерот на украинска Ворскла Филип Деспотовски, напаѓачот на Полонија, Филип Ивановски, како и членот на Ренова, Агрон Мемеди, за прв пат ќе бидат дел од најсилната македонска фудбалска репрезентација, на која и претстојат квалификациските мечеви за СП 2010 против Норвешка и Исланд на 6 и 10 јуни во Скопје.

Шансата за докажување им ја дава новиот селектор Мирсад Јонуз, кој се одлучи во националниот тим да го врати и играчот на корејскиот Услан Хјундаи Славчо Георгиевски. Останатите имиња на списокот на кој се најдоа 24 фудбалери се познати. Во големата група интернационалци свое место од домашниот шампионат обезбедија единствено Арменд Алими од Милано, Даниел Мојсов од Македонија ЃП и споменатиот Агрон Мемеди од Ренова.

Собирот на репрезентативците е закажан за 31 мај во хотелот Белви во Охрид. Таму репрезентацијата ќе остане до 4 мај, кога се враќа во Скопје.

Список: Голмани: Јане Николовски (АЕП Пафос, Кипар), Томе Пачовски (Вардар)

Одбрана: Гоце Седлоски (Матерсбург), Игор Митрески (Жерминал Бершот), Владе Лазаревски (Полонија), Горан Попов (Херенвен), Николче Новески (Мајнц), Роберт Петров (Славија Софија), Даниел Мојсов (Македонија ЃП), Ванче Шиков (Етникос), Бобан Грнчаров (Макаби Петах Тиква),

Среден ред: Величе Шумуликовски (Ипсвич), Влатко Гроздановски (Војводина), Дарко Тасевски (Левски), Алими Арменд (Милано), Филип Деспотовски (Ворскла), Агрон Мемеди (Ренова), Славчо Георгиевски (Улсан Хјундаи)

Напад: Горан Пандев (Лацио), Илчо Наумовски (Матерсбург), Горан Мазнов (Томск), Ацо Стојков (Хиреѓихаза), Стевица Ристиќ (Поханг), Филип Ивановски (Полонија).

Покрај составот Јонуз ги претстави и своите помошници. Тоа се Влатко Костов, Неџат Шабани и тренерот на голманите Гого Јовчев.


Статијата е прочитана 352 пати.

Испрати коментар

Од: filip
Датум: 23.05.2009 06:31:41
naka objasnit jonuz zosto talentiranite igraci ili tie sto se vo golema forma gi nema a tie sto ne se standardni uste se tuka ova e sramota koga selector na drzava ne mozit ne znam od koj pricini da odberit najdobrite i najpodgotvenite kaj se z.tanevski,o.stejpanovic,z.baldovaliev,m.durovski ovie igraci cela godina igraat znacajni ulogi vo svojte ekipi i pak gi nema kako mozit grozdanoski od vojvodina koj ne e standarden tamu da go ima a mario od vojvodina go nema a mario cela sezona igra ima 2 gola i 6 assitanci i e prv igrac na vojvodina kakva odluka e taa,ili kako mozit eden alimmi od milano da e pred durovski sekoj razumen coek da gi vidit dvajcata ke kazit deka na mario ovie sto vo ovoj monemt se tamu mozet samo voda da mu noset no se gleda deka na nekomu vo ffm ili jonuz durovski mu smeta z.tanevski ja osvojuva polska a go nema pred nego e grncarov od israel mojsov od makedonija i golemiot kikser i.mitreski koj e vinoven za 6 gola poslednive 7 utakmici na makedonija gluposti
Од: mone
Датум: 23.05.2009 10:34:19
kaj e nderim nedzipi, zosto ne go vikaat koga bas ni trebaat igraci od sreden red sto znaat da zadrzat topka i da proigraat vo napad? bas me interesira sto ke napravi jonuz. jas sum optimist, iako mnogu go kritikuvaa. vo sekoj slucaj dobro e sto se otkacivme od katanec i od negovata demode formacija 5-3-2, samo uste da se otkacime od kompleksot na pomala vrednost. napred nasi, seuste imame sansi, da ne se nadevame kako i obicno na sekoi naredni kvalifikacii, mozeme i sega!

Најди! во Утрински
Спорт
Барса во паника пред финалето на ЛШ во Рим
Боро Узунов
Финалето на Купот без фаворит
Денис Менчов ја презеде розевата маица
Македонските куглари без медал од СП
Битка за „кралството“ на Надал
Барикело- Овој пат редот е на мене
Eнтони и Билапс ги уништија Лејкерси на нивен терен
„Шпедитерите“ му покажаа заби на Фени И.