Сашо Станојковиќ на „Октомвриски салон“ во Белград
Македонскиот уметник Сашо Станојковиќ со своето дело „Правдата во фокус“, учествува на 49-тата изложба „Октомвриски салон“, која на тема „Уметникот е граѓанин“ ќе биде отворена денеска во Белград, и ќе трае до 9 ноември. Најголемата меѓународна манифестација на современата визуелна уметност во Србија, годинава се реализира под мотото „Потребна ли ни е уметноста за да ни го каже она што не сакаме да го знаеме?“
Станојковиќ се претставува со својот истражувачки и партиципаторски проект преку кој, со помош на различни медиуми, го преиспитува односот помеѓу правдата и правните институции. (К.Б.) |