Презентација на проект „Сахара“ во „Мала станица“
Предавање и презентација на швајцарската кураторка Лилијан Фелман и на данските уметници Мартин Розенгард и Зикстен Каи Нилсен „Wooloo Productions“, ќе бидат одржани вечерва со почеток во 19 часот во Македонскиот центар за фотографија (Мултимедијален центар („Мала станица“).
Гостите во ова априлика ќе го презентираат истражувачкиот проект Сахара: „Запад , кај е тоа?, започнат на иницијатива на Фелман, а реализиран во копродукција со двајцата уметници.
Организатор на настанот е програмата „Прес ту егзит проџект спејс“ од Скопје. (К.Б.) |