Брoj 2797  петок, 26 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

„Јас сум од Титов Велес“ ќе се бори и за „Оскар“

Македонскиот филм „Јас сум од Титов Велес“ на Теона Стругар Митевска е годинашен кандидат за престижната награда „Оскар“, во конкуренција на филмови од неанглиско говорно подрачје. „Јас сум од Титов Велес“ бил и единствениот кандидат од Македонија за оваа награда. Како што во една прилика изјави продуцентката на филмот и актерка Лабина Митевска, одлуката филмот да се пријави годинава, а не лани кога и беше неговата премиера, била донесена со оглед на можноста најпрвин ова ново остварување на Теона Митевска да се претстави на фестивалите ширум светот, да освои признанија, да стане меѓународно познат. „Дури потоа“, рече Митевска, „да се обиде со оваа кандидатура, бидејќи така би требало да има поголеми шанси“.

Само да потсетиме, филмот „Јас сум од Титов Велес“ влезе во тесната селекција од 40 филма кои ќе се борат за годинашните номинации за големата европска филмска награда „Феликс“, која се смета за пандан на „Оскарот“. Овие награди се доделуваат на почетокот на декември. (Т.И.)


Статијата е прочитана 270 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
„Македонија и Обединетите нации“ oд д-р Срѓан Керим
Сашо Станојковиќ на „Октомвриски салон“ во Белград
Македонија е светско чудо по квантитет на таленти
Концертната сезона на Трпчески почна во Бирмингем
Инспекцијата за јазична негрижа да почне од Собранието
Презентација на проект „Сахара“ во „Мала станица“
Србите на МОТ гостуваат со мултимедијалниот проект „Чарнин пој“