Брoj 2797  петок, 26 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Србите на МОТ гостуваат со мултимедијалниот проект „Чарнин пој“

Вечерва во рамките на МОТ, по премиерната изведба на „Мара/Сад“ во МНТ од 20 часот, следи претставувањето на Културмобил од Србија со проектот „Чарнин пој“, кој започнува од 22,30 часот во Младинскиот културен центар.

Станува збор за хибриден, граничен, мултидисциплинарен изведувачки проект, кој ги поместува границите на театарот. „Истражувајќи го прашањето на просторот и времето на изведување, односно помеѓу изведувачот и публиката, реалното и фиктивното, реалноста и глумата, претставата го поставува прашањето на сценското пространство. Целиот град се претвара во сцена, станувајќи партнер во играта“, се вели во каталогот за претставата.

Во рамките на придружната програма, напладне во МКЦ, селекторот на овогодишното издание на МОТ, Дамир Домитрович–Кос, ќе одржи предавање на тема „Современи театарски тенденции“. Во 18 часот, исто така во МКЦ, во рамките на програмата „Ѕвездите што доаѓаат“, ќе биде изведена претставата „ММЕ...“, во режија на младите Ристе Алексовски, Никола Ристов и Димче Николовски. (Л.М.)


Статијата е прочитана 105 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
„Македонија и Обединетите нации“ oд д-р Срѓан Керим
Сашо Станојковиќ на „Октомвриски салон“ во Белград
Македонија е светско чудо по квантитет на таленти
„Јас сум од Титов Велес“ ќе се бори и за „Оскар“
Концертната сезона на Трпчески почна во Бирмингем
Инспекцијата за јазична негрижа да почне од Собранието
Презентација на проект „Сахара“ во „Мала станица“