Брoj 2797  петок, 26 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Концертната сезона на Трпчески почна во Бирмингем

Со двата концерти во Бирмингем, Велика Британија, кои Симон Трпчески ги одржа на 23 и 24 септември, стартуваше новата сезона на македонскиот реномиран пијанист. Трпчески настапил како солист со Симфонискиот оркестар на Бирмингем (ЦБСО), изведувајќи го Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Камиј Сен-Санс, под диригентската палка на Андрис Нелсонс.

Синоќа пак, Трпчески одржал концерт на камерна музика заедно со музичарите од реномираниот оркестар на Бирмингем. Во официјалната програма на концертот, а по предлог на самиот Трпчески, се извело и традиционалното „Скопско оро“ во аранжман на пијанистот и композиторот Дамир Имери. Настапите на Трпчески со ЦБСО завршуваат вечерва со концерт во Бедворт, од каде нашиот мајстор на пијаното продолжува да настапува во Швајцарија.

На 5 октомври Трпчески ќе биде дел од екипата што на Градскиот стадион во Скопје ќе настапи со пиетет кон ликот и делото на Тоше Проески. Октомвриската агенда на Симон Трпчески веднаш потоа, е исполнета со серија концерти во Шкотска, во Единбург, Глазгов и Абердин, како солист на Шкотскиот камерен оркестар. (Т.И.)


Статијата е прочитана 108 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
„Македонија и Обединетите нации“ oд д-р Срѓан Керим
Сашо Станојковиќ на „Октомвриски салон“ во Белград
Македонија е светско чудо по квантитет на таленти
„Јас сум од Титов Велес“ ќе се бори и за „Оскар“
Инспекцијата за јазична негрижа да почне од Собранието
Презентација на проект „Сахара“ во „Мала станица“
Србите на МОТ гостуваат со мултимедијалниот проект „Чарнин пој“