Брoj 2797  петок, 26 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Инспекцијата за јазична негрижа да почне од Собранието

На трибината пратениците ги слушаа забелешките на експеритите од Институтот за македонски јазик

Трибината „Македонскиот јазик во политичката комуникација“ организирана од Координативниот одбор „2008 - Година на македонскиот јазик“ што вчера се одржа во Собранието на Република Македонија беше посетена со триесет отсто од пратениците, кои ги слушаа забелешките на експеритите од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и од медиумите, кои непосредно се соочуваат со јазикот на политичарите, пренесувајќи ги нивните изјави и соопштенија.

Податокот дека во Собранието е ангажиран само еден лектор, а во Македонската академија на науките и уметностите нема ниту еден, и покрај официјалните барања на оваа научна институција, ги поттикна дискутантните да заклучат дека сите државни институции треба да вработат повеќе лектори, на што обврзува и Законот за македонскиот јазик од 1998 година, кога почнаа да се полагаат и лекторските испити. Беше заклучено и да се зајакнат капацитетите на стручните национални институции задолжени за таа област и тие од државата да добиваат и суштинска, а не само декларативна поддршка.

„Јавно изговорениот збор е голема одговорност. Со свртеноста кон политичките случувања за ЕУ, се заборава почитта кон македонскиот јазик. Не треба премногу да се става акцент на казнената политика за неправилна употреба на јазикот, туку да се најдат начини луѓето да сакаат да се трудат да зборуваат правилно.“, рече Лилјана Макариоска, директорка на Институтот за македонски јазик.

За Александра Ѓуркова од Институтот за македонски јазик „јазикот во политичката комуникација е социолект со три главни карактеристики - препознатливост, разбирливост и прифатливост“, додека проф. д-р Људмил Спасов од Филолошкиот факултет погрешното акцентирање го оцени како болест или мода во сите политички системи. Тој укажа и на отсуството на интонација и дикција во јавните настапи за кои, пак, рече дека се учат со ораторски обрасци.

Академик Блаже Ристовски сема дека „Без интернационализмите не може да го изразиме точно тоа што сакаме да го кажеме. Не може да одиме на патот се да се преведува, но за некои изрази треба навреме да се најдат соодветни зашто потоа тие се одомаќинуваат и не можат да се избркаат.

Беше предложено да се организираат курсеви и обуки за правилна употреба на јазико��, наменети за пратениците и за собраниските преведувачи, зашто со своите јавни говори тие влијаат и ја формираат јазичната култура на сите граѓани, а на институциите кои составуваат соопштенија да им се испрати листа на „забранети“ зборови и на нивни соодветни (македонски) замени.

Ова оттаму што токму политичарите кои ги изгласаа измените на Законот за македонски јазик, што предвидуваат високи парични казни за негова неправилна употреба и за објава на нелекториран текст, не го почитуваат македонскиот литературен јазик во своите јавни настапи и во политичката комуникација. Грешат во изговорот, во употребата на зборовните категории, збороредот, говорат со англизми и други интернационализми, дијалекти и жаргони, не акцентираат како што бара јазичната норма, а се случува на веб-страниците на државни институции да се користи латиница, големи букви за сите зборови во една реченица или грешки со правописните знаци. Пречесто се употребуваат туѓи зборови за кои во македонскиот има соодветни преводи, па така примената веќе е имплементација, понудата - тендер, печатењето - принтање, а од неодамна мошне спомнувани се и бенчмаркови, за кои се уште нема подобра замена од буквалното значење -референтни точки.

На јазикот на политичарите се пожалија и новинарите кои учествуваа на трибината. Според Катерина Цаневска-Арсова од А1, „дел од нив треба да се вратат во ученичките клупи за да научат што е реченица, подмет, прирок, акцентска целост. Новинарите имаат тешка задача да ги пренесат неразбирливите изрази на политичарите и да ги направат попаметни, рече Цаневска-Арсова, која како собраниски известувач забележа и на практиката пред пратениците да стојат закони кои не поминале на лекторска обработка.

Драган Антоновски од „Сител“, се заложи препораките за употребата на јазикот да не останат затворени во институциите, туку да стигнат до сите. Неангажирањето на продуцираните лектори, како што рече, е негрижа за јазикот. Антонио Спасев од порталот „Кирилица“ смета дека „пропустите не треба да се правдаат со брзањето и им порача на институциите понастојчиво да го актуелизираат овој проблем. Тој предложи инспекцијата за јазична негрижа, која со законските измени ќе се казнува со 10.000 до 200.000 денари, најпрво да почне од Парламентот“. Бранко Героски од „Шпиц“, пак, говореше за „брутализација на политичката комуникација“ и за смислена акција за јазична негрижа. Според него, „само со менување на политичките и општествените односи и кога политичарите ќе му го препуштат јазикот на јазичарите, јазикот ќе дише слободно и ќе може креативно да се развива.“


Статијата е прочитана 125 пати.

Испрати коментар

Од: Aтанасија
Датум: 26.09.2008 10:32:09
Прво,зошто пратениците не пошле во Институтот за македонски јазик,туку лугјето од Институтот дошле во Собранието,да ги скараат дека некоректно говорат македонски јазик!Тие лугје предлагаат курсеви,како оние аналфабетските што беа организирани веднаш по Ослободувањето.Истите4 велат дека не може да се отфрлат интернационализмите,иако,на пример за фанот има сосем соответен македонски збор-занесеник.Кои се фановите,на пример на Тоше,ако не се занесениците по неговата музика? Сигурно е дека треба зборовите да имаат соответен изговор,но што ако на одредени места се вработени лугје чиј мајчинјазик не е македонскиот,а го знаат,на пример,сега актуелнио�� англиски?Или што со оние фирми кои пренесуваат англиски збор со кирилско писмо? Одете по нашите улици,и од фирмите учете англиски.Кој тоа го допуши,и го допушта и порано и сега во Годината на жзаштита на јазикот! Зошто ова баранје за чистота на јазикот од страна на лингвистите ми изгледа како барање за сопствен додатен ангажман,

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
„Македонија и Обединетите нации“ oд д-р Срѓан Керим
Сашо Станојковиќ на „Октомвриски салон“ во Белград
Македонија е светско чудо по квантитет на таленти
„Јас сум од Титов Велес“ ќе се бори и за „Оскар“
Концертната сезона на Трпчески почна во Бирмингем
Презентација на проект „Сахара“ во „Мала станица“
Србите на МОТ гостуваат со мултимедијалниот проект „Чарнин пој“