|
|
|
|
|
|
Стипендии за Африканци, за нашите нема пари
Во Охрид студираат стипендисти од Танзанија и од Гана, ама и од Кина и од САД
Билјана Јовановска
Владата му увезува странски студенти на државниот Универзитет за информатички науки и технологии „Св. апостол Павле“ во Охрид, иако не е на листата акредитирани високообразовни институции. На ваков потег се решиле за да го надоместат исклучително слабиот интерес за студирање на најновиот државен универзитет, кој ја чини државата исклучително скапо.
Професорски кругови тврдат дека на сите пет факултети се запишале само 40 студенти, додека Универзитетот ја дуплира оваа бројка. На распишаниот конкурс за 32 стипендии за академци од неврзаните и од други земји, со цела низа бенефиции, едвај се јавиле 16 кандидати. Колку точно Африканци студираат во Охрид e тешко да се дознае, но на Универзитетот тврдат дека имаат стипендисти од Танзанија и od Гана, ама и од Кина и од САД. Иако студирањето на странски студенти е нешто што одамна е заборавено на овие простори, бидејќи Македонија се' уште важи за држава која има многу внатрешни проблеми, сепак, парадоксално е Владата да школува странци, а за домашните нема пари за кредити и стипендии.
На гостите од Африка Владата им овозможува бесплатно студирање, сместување во дом и храна, а за џепарлак добиваат по 5.000 денари месечно. Неофицијално, се жалеле дека ноќниот живот во охридските кафулиња е скап и барале зголемување на школарините, ама се' уште немаат одговор дали ќе им излезат во пресрет. На домашните студенти од годинава им ги укинаа кредитите, а да се добие стипендија е без малку рамно на добивка на лото.
Што значи, пак, да се донесат студенти од странство на универзитет кој не е на официјалната листа акредитирани високообразовни институции, која им служи на потенцијалните академци како показател дали уписот и студирањето таму е легално или диво - е друга работа. Проф. Борче Давитковски, поранешен претседател на Матичната комисија за формирање, вели дека сега воопшто не е информиран што се случува на најмладиот универзитет ниту, пак, е во комуникација со ректорот Благоја Самакоски. „На молба на бившиот министер за образование прифатив да се ангажирам како претседател на Матичната комисија, но само за да се запази правно процедурата. Во рок од шест месеци бил изготвен Статутот на Универзитетот и добил одобрение од Министерството за образование за запишување во регистарот на установи. Со тоа заврши мојот ангажман, а како потоа се одвиваа работите, не сум информиран“, вели проф. Давитковски.
Неофицијално, првата Матична комисија составена само од вмровски кадри не се согласила околу многу важни работи за функционирањето на Универзитетот и таа била расформирана. Сепак, додека тие се карале, Владата го туркала проектот за формирање на петтиот државен универзитет, за кој прифатила целосно да го финансира. Колку тој ги чини, се држи во голема тајност, а фактот дека со сите странски професори биле потпишувани посебни договори, укажува дека се работи за многу скап проект. Дознаваме дека одделни професори, кои ги заложиле своите имиња за Универзитетот да се формира, инсистирале на годишни плати што достигнувале и до 100.000 долари! Освен тоа, професорите од Филипини, Тунис, Јужна Африка, Франција, Велика Британија, Иран, Италија и од Романија, кои покриваат најразлични предмети, имаат специјални договори со власта и за плаќање на станарините, за одвоен живот, за школување на децата... Само за споредба, за домашните редовни професори на државните универзитети, Владата издвојува месечна плата од 50.300 денари.
Главниот просветен инспектор Џорџе Арсов вчера не можеше да ни одговори како е можно да функционира универзитет кој нема акредитација и, згора на се', се финансира од буџетот, бидејќи, како што рече, „таму се' уште не е направена инспекција“. (Б.Ј.) |
#
|
Статијата е прочитана 1954 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Koj se inicijatorite? |
Датум: 10.12.2010 12:15:38 |
|
Zosto ne gi kazete inicijatorite na ovaj proekt na t.n. "Univerzitet za informaticki nauki i tehnologija, koga dobro gi znaete.Istiot ne ispolnuva ni substandardni uslovi za vrsenje na svojata dejnost. No edna licnost so pomos na Vladata uporno go turka proektot Vladata samo gi ispolnuva nivnite sueti i zelbi so eden vakov promasen proekt, a ovie so toa si gi lecat svoite sueti , a i debelo ce profitiraat.Zarem ne gi znaete? |
|
|
|
|
|
|
Од: arian |
Датум: 10.12.2010 12:17:19 |
|
da de sega nasata ekonomija ke ja razvivaat i rakovodat afrikanci i azijci a nasive deca ke bidat fizikalci a ako sakaat da si gi dokazat svoite vrednosti ke moraat vo zemjite na EU, bidejki vo MK ima "povisoki standardi".......... |
|
|
|
|
|
|
Од: Mugabe |
Датум: 10.12.2010 12:56:29 |
|
Sega kje navalat studenti od Zimbabve, a mozebi i od Venecuela i Severna Koreja. Tamu pripagjame.Nasite studenti kje gi prakjame na studii vo Bugarija, kade zemaat bugarsko drzavjanstvo, so sto brojot na Bugari vo Makedonija konstantno kje raste. Mozebi i toa e del od politikata na vlasta???. |
|
|
|
|
|
|
Од: RND |
Датум: 10.12.2010 13:10:07 |
|
Strancite ke ne opravaat - zatoa vladata investira vo niv !!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: skandinavija |
Датум: 10.12.2010 13:10:36 |
|
dali taa vlada vo mak ima pamet???pa ovde za stranski studenti barat 15000evra godisno da platat pa da ucat a ne pa da im davat stipendii,besplatni domovi,besplatni skoli,5000 dzeparlak.....a na nasi nevraboteni po 1000den socijala???i se kime parno na skoli,fakultei poradi neplateni smetki a od dr str milioni preku prozor???i branko ne vi vljal abe odete...........kako ova de e perenje pari...... |
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 10.12.2010 13:18:48 |
|
А кога ќе дојдат Братучедите на Груја ХУНЗИТЕ???????????. |
|
|
|
|
|
|
Од: jas |
Датум: 10.12.2010 14:12:14 |
|
Samakovski, rektor?! Onoj sto mu e tatko na Samak? Onaj sto bese sekretar na Opstinskana organizacija na SK na Prilep, onoj sto ja izdiga "!! Oktomvri" do nebo, onoj sto napravi robot na svetot sto go nemat yta dusmani ednas mu go ukradija a ednas mu ispadna od kamionot?! More dete! Abe, zlatno! Koga eden=dvajca vo Prilep imavme po edno Comodore, toj imase tri!!! Na arno neka bide, ama ne mi se veruva. |
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка |
Датум: 10.12.2010 14:17:34 |
|
Зошто не го потпишавте договорот со Словенија (Србија веќе тоа го направи, се разбира) за бесплатно студирање на нашите деца кои повеќето се сиромашни но амбициозни? Поволност што не може да се замисли. Или се плашите дека новокомпонираните детски градинки, наречени Универзитети ќе останат празни. |
|
|
|
|
|
|
Од: marija |
Датум: 10.12.2010 14:30:34 |
|
doktori na nauki kaj nas ke sedat doma ili ke vozat taksi a tie ke nosat profesori od afrika???!!! i nie od budzetot od narodnite pari ke mu plakame na afrikancite dzeparlak??? a nikoj od politicarite ne ne prasal na makedonskite studenti dali imame pari za gevrek da kupime!!!!!!! kojznae kakov kriminal se krie zad ovoj fakultet. |
|
|
|
|
|
|
Од: Itar Pejo |
Датум: 10.12.2010 15:02:06 |
|
Некој ќе треба да ги испита случаите со четворицата заминати професори и исто толку други вработени на овај универзитет за само една година од неговото постоење. Ајде Билјана, потруди се и ова да го обелодениш. |
|
|
|
|
|
|
Од: ognjanka |
Датум: 10.12.2010 16:34:55 |
|
"..nevrzani i drugi zemji?::::zarem seuste ima nevrzani zemji???!!!..stoi vo 11-tot red od vasiot napis.
Se raboti za lapsus calami, ili? |
|
|
|
|
|
|
Од: zoltoklunec |
Датум: 10.12.2010 19:39:31 |
|
jas mislam 70% od ovie ka si fatat ohriganki i ke stanat ohridski zetovci... |
|
|
|
|
|
|
Од: AD |
Датум: 10.12.2010 20:41:46 |
|
Глупоста на ОВИЕ ,,БЛДЕТЕЛИ,, нема крај. НАЗДРАВЈЕ НЕКА НИ Е. .......... |
|
|
|
|
|
|
Од: tales |
Датум: 11.12.2010 08:41:46 |
|
ako nekoj znae, go molam, da mi kaze kako se zema drzavnajstvo od Gana. blagodaram mnogu za sekoja infomracijs
|
|
|
|
|
|
|
|
|