Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Политика

На Гинекологија тесно, по две бебиња во еден инкубатор

Одделот за интензивна нега на Клиниката за гинекологија е преполн со прерано родени бебиња

Јасмина Јовановска


Одделот за интензивната нега на Клиниката за гинекологија е преблокирана со предвремено родени бебиња. Нема место за сите бебиња, па лекарите се принудени во еден инкубатор да ставаат и по две бебиња. Навалата од предвремено родени деца на скопската Гинекологија се појави поради тоа што, по неколкуте инциденти во внатрешноста со родилките, од страв, сите потешки случаи на родилки се препраќаат на клиниката, но и поради урогенитални инфекции кај бремените жени, кои се во пораст и поради што ги раѓаат децата пред време.

Алармантно е што голем дел од порано родените деца се со инфекции што ги добиле од своите мајки, а меѓу нив има и бебиња што се раѓаат со многу опасни инфекции, односно сепса. Стручњаците од клиниката сметаат дека вината е делумно во пропустите на матичните гинеколози во следење на бременоста, но и кај самите родилки, кои поради немање пари, не одат на посочените прегледи. И покрај ваквата преблокираност, гинеколозите од клиниката тврдат дека нема бебе кое не е соодветно згрижено, поради што се вклучуваат и други капацитети.

Одделот за интензивна нега на Гинекологија располага со капацитет од 25 инкубатори, од кои само пет имаат апарат за вештачко дишење, а десет имаат апарати за мерење на кислородот во крвта, без да им се зема крв на бебињата.

„Во последниов период капацитетот на интензивна нега е 100 отсто исполнет, па дури и 150 отсто. Затоа понекогаш мораме и по две бебиња да ставаме во еден инкубатор. Успеваме да ги згрижиме сите, со тоа што не се сите предвремено родени деца за во инкубатори, туку поголемите се ставаат во бебитерм, еден вид инкубатори“, објаснува д-р Елизабета Петковска, раководителка на Одделот за интензивна нега. За последната година, д-р Петковска вели дека нема ниту едно дете со дијагностицирана ретинопатија.

И покрај ваквата преоптовареност, директорот на Клиниката за гинекологија, д-р Сашо Јовчевски, не побарал дополнителен буџет, туку се потпира на донации, а спасот го гледа во отворање на новата зграда за околу еден месец. Вчера, Клиниката доби на подарок од ВИП-операторот четири пулсоксиметри, апарати за следење на виталните функции на бебињата и мерење на кислородот во крвта, во вредност од над 8.000 евра. „Не побарав зголемување на буџетот, зашто зголемените трошоци ги покриваме со дополнителните приходи на клиниката, а чекаме да се отвори и новата зграда, со која се очекува и нова опрема“, истакна д-р Јовчевски. За него, две бебиња во инкубатор било практика и на развиените земји, „посебно ако инкубаторот е доволно голем“.


#
Статијата е прочитана 717 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Политика
Сите на нозе по одлуката за Бајруш
Стипендии за Африканци, за нашите нема пари
Судиите и политичарите останале најкорумпирани
Антикорупционерите задоцниле со Рамковски
Кинеска фирма преговара за „Вардарска долина“?
Нова „чиновничка бура“ во парламентот
Се повеќе деца пушат
 

Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud
End of Croatia's EU accession talks within reach