Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Политика

Кинеска фирма преговара за „Вардарска долина“?

Според интернет-страницата за енергетика, наменета за покривање на прашањата од глобалниот енергетски сектор во светски рамки: Industrial fuels and power, Македонија размислува за кинеско финансирање на проектот за хидроцентрали, вреден една милијарда евра.

„Владата на Македонија ја разгледува понудата од Кинеската банка за развој (ЦДБ) за финансирање на проектот изградба на хидроцентрали во Вардарската Долина, вреден една милијарда евра. Не е познато дали финансирањето би било за целата инвестициска сума или за само дел од неа. Според Министерството за економија, Владата е во преговори со анонимна кинеска државна енергетска компанија и со ЦДБ во врска со изработување на физибилити-студија и на финансиски пакет за овој проект, кој предвидува изградба на 13 -14 хидроцентрали на реката Вардар и е еден од најголемите инфраструктурни проекти во земјата“, се вели во информацијата објавена на овој сајт.

Инаку, проектот „Вардарска Долина“ како идеја постои околу 30 години. И оваа Влада го стави во редот на енергетските планови за развој до 2016 година. Во 2008 година беше изготвен информативен меморандум за уредување на „Вардарска Долина“, кој го содржи концепт за проектот, а беше распишан и меѓународен тендер за претквалификација. Крајниот рок беше до 16 март 2009 година. Потоа, тој се пролонгира за до крајот на јуни минатата година. Но, и во двата случаја не беше стасана ниту една понуда од инвеститор. Засега не се знае дали и кога повторно ќе биде распишан нов тендер и дали Владата ќе менува некои услови дадени во претходниот повик. За реализација на проектот, кој предвидува изградба на 12 хидроцентрали по течението на Вардар, со вкупна инсталирана моќност од 325 мегавати, потребно е државата да инвестира 1,2 милијарди евра за подготовка на теренот. (М.Т)


#
Статијата е прочитана 750 пати.

Испрати коментар

Од: oko
Датум: 10.12.2010 14:07:40
Sto se mislite bre prifatete i konecno realizirajte ja taa idea..
Од: Професорка
Датум: 10.12.2010 14:41:34
Не до Кинезите. До нас е. Нема ништо ни од ова.Иако со “Компјутер за секое д��те“ им ги исчистивме магацините од ѓубре, иако се учат да прават двокатни автобуси (додуша малку ниски), нема да инвестираат. Тоа не е случај со ТАВ кој навистина инвестираше, но не во Аеродромот, туку во панаѓурска тезга со турски локум во Аеродромот.
Од: јас (Прилеп)
Датум: 10.12.2010 16:51:52
Уште една „инвестиција„ од типот 8 милијарди.. Абе овие се неуништиви !!

Најди! во Утрински
Политика
Сите на нозе по одлуката за Бајруш
Стипендии за Африканци, за нашите нема пари
Судиите и политичарите останале најкорумпирани
На Гинекологија тесно, по две бебиња во еден инкубатор
Антикорупционерите задоцниле со Рамковски
Нова „чиновничка бура“ во парламентот
Се повеќе деца пушат
 

End of Croatia's EU accession talks within reach
Russian gas could bring Communists back to power in Moldova
Kosovo citizens vote in first parliamentary elections