Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Политика

Сите на нозе по одлуката за Бајруш

Обвинителството најавува барање за заштита на законитоста, а Врховен суд и Судски совет ги проверуваат одлуките

Гордана Дувњак

Одлуката на Кривичниот совет на скопска Апелација да го замени притворот во истражниот затвор на кумановецот Бајруш Сејдиу со домашен притвор и со гаранција од висина од 1,4 милиони евра го крена на нозе правосудниот врв.

Трите највисоки институции, секоја на свој начин, се обидуваат да го спречат излегувањето на тутунскиот бос на слобода. Обвинителството ќе поднесе барање за заштита на законитоста за да се укине одлуката на Жалбениот суд. Врховен суд вчера почна со контрола на предметот на Сејдиу, за кој одлучуваше второстепениот суд, а во текот на денешниот ден ќе ги побара и списите од вториот предмет, кој моментно се наоѓа пред кривичниот суд. Не се рамнодушни ни во Судскиот совет, оттаму најавуваат дека ќе го испитаат овој случај, но и други во кои е примената мерката куќен притвор како начин за обезбедување присуство на обвинетиот.

Во скопска Апелација, пак, остануваат на ставот дека донеле законита одлука. Потенцираат дека Сејдиу не е пуштен да се брани од слобода, туку само му е заменета едната мерка со две други, што гарантираат дека тој нема да побегне од земјата. „Јавното обвинителство на Македонија вчера ја прифати иницијативата на Обвинителството за организиран криминал да поднесеме барање за заштита на законитоста до Врховен суд. Од највисокиот суд ќе бараме да го укине решението на понискиот суд, кој го повредил законот со тоа што применил две мерки истовремено - куќен притвор и гаранција“, ни изјави државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски.

Дека се тресат списите за предметите „Пепел 1“ и „Пепел 2“ за да се утврди дали тричлениот кривичен совет на скопска Апелација постапил правилно, потврдува и претседателот на Врховен суд. „Кривичниот оддел вчера разгледа дел од списите од предметот што го побаравме од Апелациониот суд, а дополнително ќе ги побараме и списите од предметот што се наоѓа во првостепениот кривичен суд. Дури откако ќе ги анализираме сите околности што довеле до донесување ваква одлука, ќе донесеме заклучок“, вели првиот човек на Врховен суд, Јово Вангеловски, кој вчерашните активности на колегите-кривичари ги смести во доменот на „контрола на работењето на пониските судови“. Но, сепак, призна дека мотивот бил актуелноста на целиот случај и бројните реакции што ги предизвикал.

Сличен став вчера слушнавме и од претседателот на Судски совет, Васил Грчев, кој рече дека нема да навлегуваат во законитоста на одлуката, бидејќи е тоа работа на повисокиот суд, но, сепак, ќе го преиспитаат користењето на институтот домашен притвор. И тоа не само за овој конкретен случај, туку и за други.

Во скопскиот Апелационен суд вчера никој не сакаше официјално да ја коментира одлуката, а уште помалку реакциите од МВР и од политичките партии, како и отворените алузии за корупција како мотив за донесување таква одлука. Сепак, од она што може да се слушне, тие се доживуваат како притисок и удар врз независноста на судството. Оттаму се прашуваат како може да се тврди дека Сејдиу ќе побегне кога се предвидени двојни гаранции, а тие веднаш се активираат ако не се јави на првото судење. Потсетуваат дека целиот имот на Сејдиу е запленет, тој се' уште се наоѓа во притвор во ���Шутка“, а ќе се упати на домашен притвор дури откако ќе се запишат хипотеките на имотот што го понудиле неговите пријатели, како и откако ќе се уплатат 110.000 евра.

Еден од аргументите на судиите е дека за околу два месеца на Сејдиу по сила на закон му истекува притворот по поднесено обвинение, кога тој мора да биде пуштен да се брани од слобода. „На судиите им се забележува дека лесно посегнуваат по притвор, а кога ќе применат други алтернативни мерки, по нив се фрла со дрвја и камења“, велат судиите. (г.д.)


#
Статијата е прочитана 2423 пати.

Испрати коментар

Од: ХАРИ
Датум: 10.12.2010 12:26:13
Мало појаснување. Бајруш беше уапсен не поради тоа што Грујо се бореше против криминалот, туку поради тоа што двајца претставници на Филип-Морис од Лондон дојдоа и дадоа услов на Владата или ќе го сопре Бајруш или тие ќе го сторат тоа. Грујо тоа го направи под притисок. Бајруш си го плаќаше арачот и на СДСМ и ДПМНЕ. Оваа одлука на судот е по диктат на Владата да си продолжи собирањето на арачот
Од: tesko na sudiite
Датум: 10.12.2010 12:52:46
Tesko na sudiite! Primenata na ovaa zakonska merka kje gi kosta razresuvanje.Po koj praven osnov MVR javno komentira odluka na sud? Kade toa go ima? Kako moze Grcev da gi preispituva site domasni pritvori. Dali sudskiot sovet e cetvrta sudska instanca? Ova e dodaten argument za Brisel za konstatacijata na naseto "nezavisno" sudstvo.
Од: srebre
Датум: 10.12.2010 12:58:38
mnogu interesno ako pkrades milioni evra ce dades kaucija(mal del od pokradenoto)i ce si na sloboda???a ako ne platis alimentacija od 1000den(i pokraj toa sto si nevraboten)ce skapuvas vo zatvor........znaci li ova treba da si kriminalec posto ovoj akt za kucen pritvor vsusnost znaci ako si kriminalec i zakonot te stiti?????????znaci podobro da bideme kriminalci otkolku posteni(glupavi)gradjani......
Од: Bogomil
Датум: 10.12.2010 14:19:04
Ако го читате Херодот, на едно место ќе ја сретнете и формулата за тоа како в о она древно античко време се решавал проблемот со корупцијата во судството. Кога било констатирано дека првиот бранител на правдата донел неправедна пресуда за што примил поткуп, под итно била донесена одлука за негова смена. Кога новоизбраниот судија бил востоличен и ја дал заклетвата дека ќе суди според словото на законот, бил седнат на столица која била обложена со кожата на сменетиот судија.Херодот не кажува како судел новиот судија, зашто секој би можел сам да заклучи дека немал три чисти да пружи рака за поткуп. Така се разрешувал проблемот со корумпираните. А сега - кауцијата е само еден дел од давачката, другиот по востановените патишта влегува во џебовите на судиите, а криминалците парадираат заедно со нив и челниците од власта. Ова не е веќе правосудство, туку хорор. Оние за украдена векна леб, колку да го заситат моментно гладот, лежат во Идризово. Сите што се таму, осудени за криминал, немаат укр
Од: alek
Датум: 10.12.2010 14:19:16
TOA E MAKEDONIJA SE ZNAE KOJ IMA PARI IMA SE
Од: Denar
Датум: 10.12.2010 16:24:18
Vo Makedonija oficialna valuta e denarot a ne evroto!! Npocituvajki ja sopstvenat valuta plukate po eden od temelite na drzavata!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 10.12.2010 18:32:39
Го повикувам Хари и останатите кој во идниот напис ќе ги сожалуваат судиите кој највероватно ќе бидат разрешени да наведат еден единствен пример да осуден на казна над 5 год.во првостепена пресуда,продолжениот притвор го одлежува дома гледајќи на раат турски серии на тв се до правосилната пресуда.Да прашаме вака наивно да не некој кој одлучувал и донел ваква блескава одлука бил ,,нафатиран,,од некого.Уште еден придонес за грдата слика на судството.
Од: sonja
Датум: 10.12.2010 18:34:16
do srebre,interesen komentar,prv pat slusam deka nekoj za neplatena 1.000 denari alimentacija otisol vo iidrizovo,kako se vika toj osudenik?mene bivsiot soprug mi dolzi za 3 deca 1 milion denari pa nikomu nisto,vaj,vaj da ne te naj,ako te najde ke trgas
Од: Trpimir
Датум: 10.12.2010 19:50:28
kako i da se reshi , domashen pritvor ili da se drzi ushte vo pritvor, Vladata za opoziciskite lajaci e dezuren krivec. Pa neli sudstvoto e nezavisno ?? a kritikite za Pravosudstvoto od Brisel i presudite od Strazbur odat na adresa na Ministerstvoto za pravda, NE na sudijata komu Strazbur mu ja osporil presudata..Bashka ima i Megunarodna Demagogija... Koga izginaa polskite vojnici vo Sopot se frlaa drva i kamenja da se fatat storitelite... Sega se podzaboravi i druga pesna..
Од: Nake Tufekciev
Датум: 10.12.2010 20:05:03
Pa neka stavi kaucija od 10 milioni evra pa neka go zameni domasniot pritvor so Havai
Од: Bitolcanec
Датум: 11.12.2010 00:40:46
Edno so go osudija na smesna kazna od 5 god. pa sega i taa sakaja da mu ja ukinat???!!!!SVASTA!!!Za ovaj idiot osven kazna zatvor dozivotna se drugo za nego e malku!!!

Најди! во Утрински
Политика
Стипендии за Африканци, за нашите нема пари
Судиите и политичарите останале најкорумпирани
На Гинекологија тесно, по две бебиња во еден инкубатор
Антикорупционерите задоцниле со Рамковски
Кинеска фирма преговара за „Вардарска долина“?
Нова „чиновничка бура“ во парламентот
Се повеќе деца пушат
 

Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud
End of Croatia's EU accession talks within reach