Се повеќе деца пушат
Истражувањето за пушењето кај младите во земјава вчера беше презентирано колку да се промовира проектот на Институтот за јавно здравје. Стручњаците ги презентираа резултатите дека бројот на деца од 13 до 15 години што пушат е зголемен, од 23,6 отсто во 2002 година на 26 отсто во 2008 година, а дека над 65 отсто од нив можат слободно да купат цигари во продажните места. За слободната продажба на цигари на деца под 18 години, односно дали за тоа се известени надлежните инспекции за да се преземат соодветни мерки, д-р Елена Ќосевска, национална соработничка на Светската здравствена организација за глобалното истражување на употребата на тутунот кај младите, рече дека прво треба да се промовираат резултатите од истражувањето пред јавноста, па ќе се преземат конкретни чекори, односно ќе се воведе поголема здравствена едукација во училиштата. (Ј.Ј.) |