Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Кој има право на нуклеарно оружје

Помалку нуклеарно оружје и повеќе нуклеарна енергија за цивилни цели - побара генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

Засенета од мешаницата околу настапот на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, во Њујорк продолжува Конференцијата за проверка на спроведувањето на Договорот за неширење нуклеарно оружје.

Помалку нуклеарно оружје и повеќе нуклеарна енергија за цивилни цели - побара генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, во говорот на отворањето на конференцијата. Целта, според него, е „ренесанса на атомската енергија за да се реагира на се' поголемата потреба од енергија и истовремено да се избегнат гасовите штетни за животната средина“. Бан од Иран побара да работи на расчистување на дилемите што постојат во светот околу атомската програма на таа земја: „Го охрабрувам претседателот на Иран да дејствува конструктивно. Да бидеме јасни - обврска на Иран е да ги расчисти сомневањата и загриженоста околу неговата атомска програма“.

Генералниот секретар на ОН ја повика и Северна Кореја да се врати кон Договорот за неширење нуклеарно оружје што е можно најбрзо, и тоа без предуслови.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, во својот говор, Договорот за неширење атомско оружје го нарече „слаб“ и „неправеден“. Тој ги нападна, пред се', САД: „САД не само што употребија бомба, туку со тоа им се закануваат и на други земји, меѓу кои е и мојата“, рече Ахмадинеџад, додавајќи: „Оние што први употребиле бомба, би морало да припаѓаат кон најомразените луѓе.“

Според иранскиот претседател, да се поседува атомско оружје не е повод за гордост, туку е „засрамувачки“, а „уште позасрамувачки е да се користи стравот од ваквото оружје.“

Додека Ахмадинеџад зборуваше, делегатите, пред се', од европските земји, демонстративно ја напуштија салата. Американската министерка за надворешни работи, Хилари Клинтон, го обвини иранскиот претседател дека има намера да го закопа Договорот за неширење нуклеарно оружје.

„Знаеме дека има земји што одбрале да не бидат конструктивни. Утринава, иранскиот претседател изрече лажни и делумно диви обвинувања на сметка на САД и други учесници на оваа конференција. Но, тоа не' изненадува. Како што сите слушнавте утрово, Иран има намера да стори се' за да го одврати вниманието од себе и се обидува да избегне одговорност. Но, сите ние ќе бидеме оценувани не според она што го зборуваме туку според она што го правиме“.

Клинтон му порача на Иран дека треба тој да го направи првиот чекор. „Ја знае адресата на Меѓународната агенција за атомска енергија и знае што се очекува од него“, рече американската министерка. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 451 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Понуда што не може да се одбие
Пак не се лета поради вулканот во Исланд
Австриец ќе скокне од 36 километри со падобран
Грчка криза на идентитетот
Протестите во Атина не стивнуваат
Браун во очај пред денот на гласањето
Литванка планирала напад во Русија