Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Понуда што не може да се одбие

Присуството на официјална делегација на Молдавија на церемонијата за одбележување на поразот на нацистичка Германија, што ќе се одржи на 9 мај во Москва, ги налути и јавноста и членовите на владејачката коалиција во земјата, Алијанса за европска интеграција (АИЕ). Посебно датумот побудува сеќавања за вклучувањето на Молдавија во СССР и, исто така, нерешеното прашање за проруската сецесионистичка територија Приднестровие, кон која републиката, каде што се зборува романски јазик, има претензии. „Журнал де Кишинев“ јавува дека опонентите за учество на Молдавија на настанот, кои веќе организираа масовен протест, при што неколку илјади демонстранти излегоа на улиците на Кишинев на крајот на април, нема да бидат премногу задоволни од информациите дека под притисок од неговите партиски колеги, актуелниот претседател Михај Гимпу ја надмина првичната воздржаност и ја прифати руската покана. Сепак, Гимпу, кој неодамна потпиша договор за стратегиско партнерство со Романија, нема да учествува на состанокот на лидерите на Комонвелтот на независни држави, закажан за 8 мај. Според дневниот весник, ова прашање ги нагласи „невидливиот конфликт“ меѓу Русија и Запад и „стратегиската улога“ на Молдавија „во воспоставувањето нови сфери на влијание во поранешната територија на Советскиот Сојуз“. (Журнал де Кишинау)


#
Статијата е прочитана 860 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Пак не се лета поради вулканот во Исланд
Австриец ќе скокне од 36 километри со падобран
Кој има право на нуклеарно оружје
Грчка криза на идентитетот
Протестите во Атина не стивнуваат
Браун во очај пред денот на гласањето
Литванка планирала напад во Русија