Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Пак не се лета поради вулканот во Исланд

ДАБЛИН - Сите летови кон Северна Ирска и Ирската Република и обратно требаше да бидат обновени вчера во 13 часот, по приземјувањето поради нови ризици од вулканска пепел.

Воздушниот простор над Аутер Хебрајд во Шкотска е затворен, односно аеродромите „Тири“, „Бара“ и „Бенбекула“, како и „Кемпелтаун“ во Аргајл. Линиите кон Северна Ирска и Ирската Република и обратно беа откажани во 7 часот според локално време.

Пепелта се движи од истиот вулкан на Исланд што го прекина воздушниот сообраќај во април. Минатиот месец летовите над Европа беа забранети шест дена поради стравувања од влијанието на вулканската пепел врз моторите на авионите.

Во останатиот дел од Обединетото Кралство, сообраќајот се одвива според вообичаениот распоред. Одлуката да се повлечат ограничувањата следуваше по безбедносните тестирања што покажаа дека моторите би можеле да се движат во области со пепел со мала густина.

Најновиот прекин на сообраќајот беше прогласен додека министрите за транспорт на ЕУ се на состанок во Брисел за да ги разгледаат начините за подобро управување на воздушниот сообраќај со оглед на настаните од минатиот месец. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 455 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Понуда што не може да се одбие
Австриец ќе скокне од 36 километри со падобран
Кој има право на нуклеарно оружје
Грчка криза на идентитетот
Протестите во Атина не стивнуваат
Браун во очај пред денот на гласањето
Литванка планирала напад во Русија