На Грците ќе им треба долго време за да се справат со шокот од нивното паѓање
Никос Констандарас
Ќе ни треба долго време за да се справиме со нашето ново место во светот. Ова е прв пат Грција да доживее таков пораз без какви било херојски оправдувања, без војна, без природна катастрофа, без да се мешаат странци во нашите работи или некоја голема национална визија што не' води на погрешен пат.
Стигнавме до ќор-сокак поради нашата сопствена слабост, нашата сопствена неспособност да се справиме со независноста и да ги исполниме нашите меѓународни обврски. Како Бланш Дибуа, поранешната дезориентирана убавица во „Трамвајот наречен желба“ на Тенеси Вилијамс, ние туркавме некако со нашата слабост, потпирајќи се на сеќавањата за едно светло минато, кое само ние го паметевме се' до моментот на апсолутно предавање. Потоа, како Бланш, требаше да ја наведнеме главата и да го прифатиме милосрдието од другите, „љубезноста на странците“.
Иако тоа беше единствениот можен исход за нашето неразумно трошење последните неколку години, шокот од поразот е невиден за една нација што досега упорно добро котираше во рамките на своите митови и лоши навики. Фактот дека многу од тие митови се контрадикторни меѓу себе, се чинеше дека не не' загрижува.
Како може ние да бидеме и нација што нема пријатели и нација, која смета дека секој нешто и' должи? Како може да бидеме внимателни за нашите сопствени трошоци, а да не се грижиме поради тоа што државата ги трошеше нашите пари и парите што ги зајмуваше? Како може народот што прашува се' (квалитет што помогна да достигне големи извишувања во минатото) целосно да се предаде на политичка, економска и медиумска елита, која ја ограбуваше земјата, додека ни се додворуваше со приказни за нашата уникатност и го купуваше нашиот молк со зајмен просперитет? Ние некогаш најрационален народ, сакавме магија, а не реалност.
А сега таа горда нација чека милосрдие за да можеме да исплатиме плати и пензии, да поделиме бенефиции за невработеност, да го одржуваме сега безгласниот пазар во живот. Тоа е резултат на фаталниот сојуз меѓу политичарите што им дадоа на луѓето се' што сакаат во возврат за гласови, и луѓето што гласаа за политичарите, кои им го ветуваа невозможното, како никој никогаш да не очекуваше дека сметката ќе стигне. Тој лажен просперитет создаде облак на индиферентност кон реалноста и илузија дека можеме да ја толерираме некомпетентноста на политичарите, алчноста на деловните лидери и бескорисниот јавен сектор без страв дека тоа би не водело во катастрофа. Начинот на кој земјата (не)беше управувана во последните неколку години ќе биде запишан во историјата како случај за тоа што се случува кога политичарите не прават ништо, освен што ги задоволуваат граѓаните и ги игнорираат хроничните проблеми.
Сега ние сме засрамени од нашето паѓање, од тоа што сме понизен молител пред вратата на Меѓународниот монетарен фонд. Ние, што организиравме успешни Олимписки игри, ги издигнавме нашите животни стандарди до просекот на ЕУ, со нашата голема историја и поранешна цивилизација, со дијаспора која толку добро минува во академски, деловни и професионални кругови низ светот - ние сега сме цел на исмејување, нашето име е синоним за расипништво и корупција. Без оправдување, без размислување, стигнавме до тука.
По првиот шок од тие историски денови, можеме да очекуваме гнев. Не секојдневните извикувања на професионални демонстранти, туку тивкиот, загрижувачки бес на една нација која ќе се обвини себеси и оние кои ја управуваа. Вистинската цена на она што ќе го платиме не е толку многу во загубените плати и пропаднати очекувања, туку повеќе во фактот дека името на Грција и на секој Грк е извалкано. Тоа е тежок товар што мора да го носиме.
Ако постои каква било причина за оптимизам, тоа е дека помошта од ММФ и од ЕУ ќе не' принуди да се процениме самите себе и нашата земја и да ги поправиме работите. Конечно. Ова е уникатна можност и единствениот начин за нас да ја земеме нашата иднина во наши раце. Треба да бараме подобра Грција и треба да работиме за да ја создадеме. Само на тој начин ќе спасиме нешто од дигнитетот.
ајде,ајде миленичиња од западните земји, ќе ви фрлат некоја коска не се секирајте.Само дека сте голема земја со цивилизациски дострели се лажете сами себе, значи сепак си остана она "должен си како грк" Позз Утрински
Од: Niko
Датум: 05.05.2010 02:09:42
Do tra-la-la i na nego slicnite: "Mu se posmeal postraniot na pomocaniot". Ako ne se lazam ove e od Marko Cepenkov.
Од: KIrco
Датум: 05.05.2010 07:54:20
Navikite tesko se menjaat,ama covekot se prilagoduva. Dobro e sto urednikot na Katimerini ja ima spusteno gordosta pod stapala i realno gi sogleduva rabotite. Se e mozno. Mozebi ke se izvlecat, mozebi dvete zemji ke stanat dobri prijateli. Samo ako se spusti gordosta i izdigne dostoinstvoto.
Pozdrav do site dobronamernici
Од: nekoj od EU
Датум: 05.05.2010 09:15:20
Bravo za statijata, istoto se slucuva i vo Makedonija. Zalno e sto narodot na ovie prostori, inaku mnogu blizok po mentalitet, ceka da se dopre dnoto za da se razbudi. Naskoro ke citame slicni statii za Makedonija, samo ne znam koj nam ke ni pomogne? A ´tra-la-la´ sto mislite vie, koj ke i pomogne na Makedonija?
Од: xxL
Датум: 05.05.2010 09:17:09
NE, Grk ne e nacionalnost,Grk e profesija,mi rece ednas eden Grk. A jas bi dodal profesionalen laz i mitadzija.
Од: teknuvalo
Датум: 05.05.2010 10:49:18
Ова нешто ми многу, многу познато!
Од: народе,јачај коски
Датум: 05.05.2010 14:26:13
.Во моментов,големото благо е на рентакар.Ние само ќе треба да го полниме.Како?Така,со плата од сто евра,со деведест одсто на црно од триесет одсто вработени,со стотина наши милијардери кои во секое време ќе можат да не купат со се земја и живаљ.А,европските фондови ке се полнат,не е битно како.Значи децентрализацијата продолжува.Народе,што тие гајле што е нето,што ебруто.Ти само...јачај коски.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 05.05.2010 14:27:00
Прекрасен текст!По летањето, убаво е и приземјувањето!Но,традицијата е нешто неменливо и таа ќе остане зацртана во вашите корени!Се надевавам дека Грција ќе има сили да се вивне од дното!Верувам дека Грците имаат доволно снага и ум да ги надминат тешкотиите!Судејќи според висината на летањето,инсуфициенцијата на знаење и правилото за правење штета при слободното паѓање,многу скоро,ние ќе се забиеме неколку километри под земјата!