Литванка планирала напад во Русија
Вилнус- Литванката Егле Кусајте (20) од градот Клајпеда планирала да изврши терористички напад во Русија, изјави вчера портпаролот на литванското обвинителство пред апелацискиот суд, каде беше побарано продолжување на притворот до јули.
Според доказите осомничената Кусајте планирала да крене во воздух воен објект во Русија. Исто така, утврдено е дека таа одржувала блиски врски со притворен руски граѓанин, осомничен за терористичка дејност. Кусајте поминала и обука за експлозивни направи. |