Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Австриец ќе скокне од 36 километри со падобран

На Феликс Баумгартнер нема да му треба многу вежбање во науката на паѓањето

Тој има скокнато од двете највисоки згради во светот, како и од статуата на Исус во Рио де Жанеиро (скок од 29 метри височина, со што го освои рекордот за скок со падобран од мала височина). Тој скокаше со падобран преку Ламанш. Во една пригода тој се нурна во црната празнина на пештера длабока околу 190 метри, што го сметаше за најтешкиот скок во неговата кариера.

Меѓутоа, сега „бестрашниот Феликс“, како што го нарекуваат неговите фанови, има нешто потешко на агендата: да скокне од балон што лета на хелиум во стратосферата на височина од околу 36.000 метри над Земјата. За околу половина минута, смета тој, ќе се движи со брзина од 1.110 километри на час и ќе стане првиот скокач со падобран што ја надминал брзината на звукот. По слободниот пат, кој ќе трае 5,5 минути, неговиот падобран би се отворил и би слетал на околу 36 километри под балонот.

Во најмала можна мера, таков е планот, иако никој навистина не знае што ќе му направи ударниот бран на неговото тело додека тој ја надминува брзината на звукот. Скокот на Баумгартнер (41), поранешен падобранец во австриските специјални сили, се очекува да биде изведен во текот на годинава и ќе урне еден од најдостојните за почит воздушно-вселенски рекорди. Веќе половина век ниту еден го нема надминато (едно лице почина во обидот да го направи тоа) висинскиот рекорд поставен од Џо Китинџер, како дел од „Проект Екселсиор“, програма на американските воздухопловни сили.

Во 1960 година Китингер, тогаш 32-годишен пилот на военото воздухопловство, скокна од балон на висина од 30.840 метри над пустината во Ново Мексико. Денес на 81-годишна возраст Китинџер е пензиониран полковник и е дел од „Стратос“, тимот што работи на скокот на Баумгартнер, кој, пак, е финансиран од компанијата за енергетски пијалоци „Ред бул“.

Повеќе од триесетина ветерани на НАСА, американското воено воздухопловство и воздушно-вселенската индустрија веќе три години работат на планот за скокот, ги прават балонот и капсулата под притисок, како и астронаутскиот костум по нарачка за Баумгартнер. Покрај тоа што целта им е соборување на рекордот, тие вршат и физиолошки истражувања и развиваат процедури за идните астронаути да ја преживеат загубата на притисокот во кабината или за итно излегување во стратосферата. „Она што ме привлече кај ’Ред бул‘ беше нивниот методолошки приод кон безбедноста и обезбедување научни бенефити“, изјави Китинџер.

Една од главните загрижености е да се избегне проблемот што речиси го уби Китинџер за време на „Проект Екселсиор“. Тој требаше да биде стабилизиран за време на падот од малиот конусен падобран, но за време на еден тренинг-скок во 1959 година, тој не се отвори поради тоа што јажето му се замота околу вратот.

Како резултат на тоа, телото на Китинџер почна да паѓа како во вител, достигнувајќи 120 вртења во минута додека паѓаше повеќе од 18.000 метри. Тој ја загуби свеста, а се освести дури откако неговиот резервен падобран автоматски се отвори на 1,6 километри над земјата. Кога дојде при себе, како што напиша подоцна, прво претпоставил дека најверојатно умрел, но потоа ја забележал куполата од падобранот над него и наеднаш сфатил: „Јас сум, неверојатно, чудесно жив“.

Баумгартнер се надева дека ќе остане стабилен и свесен во текот на неговиот подолг пад без да се потпира на конусниот падобран. Тој планира да го избегне вителот со приспособување на аголот на неговото тело и држење на рацете близу телото.

Многу авиони го имаа пробиено звучниот ѕид, меѓутоа, суперсонични луѓе се мистерија, вели Арт Томпсон, техничкиот директор на проектот за мисијата на „Стратос“, поранешен инженер во „Нортроп“, кој работел на стелт бомбардерот „Б-2“. „Може да направите голем број модели, но кога станува збор за човечкото тело немате работа со цврста површина или балистичка форма“, вели тој. „Во овој случај имате округла топчеста кацига, и рамена и нозе кои стрчат и се' почнува да се случува во различно време. Делови од вашето тело можеби одат со суперсонична брзина, додека, пак, другите не, предизвикувајќи треперењето да ве влече напред-назад низ површината“.

Овие ризици се една од причините што рекордот на Китинџер не е соборен половина век. Медицинскиот директор на „Стратос“, Џонатан Кларк, кој претходно ја следел здравствената состојба на екипажот на спејс шатл на НАСА, вели дека духот на овој проект го потсетува на сториите од првите денови на пионерското освојување на вселената. „Ова е навистина ризична работа, да се стави некој во таа екстремна околина и да се пробие звучниот ѕид“, вели д-р Кларк. „Тоа ќе биде голем технички подвиг. Тоа е како во првите денови на НАСА, она опојно чувство дека не знаеме со што ќе се соочиме, но ќе направиме се' што е во наша моќ за да го надминеме“. (Њујорк тајмс)


#
Статијата е прочитана 526 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Понуда што не може да се одбие
Пак не се лета поради вулканот во Исланд
Кој има право на нуклеарно оружје
Грчка криза на идентитетот
Протестите во Атина не стивнуваат
Браун во очај пред денот на гласањето
Литванка планирала напад во Русија