Аналин Макорд
Сочен бакнеж со својата сестра Ејнџел
Аналин Мекорд е позната по улогата на злобни и беспринципиелни девојки, главно, во телевизиските серии. Сепак, се чини дека улогите не се разликуваат премногу од нејзиниот приватен живот, токму како и оној на сестра и' Ејнџел. Имено, освен што секојдневно привлекуваат внимание со разголените изданија по плажите низ Калифорнија, Аналин и Ејнџел страсно се бакнуваа веднаш откако победија во една игра на одбојка на песок.
Додека некому ваквиот бакнеж е најнормална работа кога се во прашање членовите на семејството, други се згрозени од нивното однесување, посебно што го повторија тоа неколку пати во текот на играта, и тоа пред многубројните папараци.
Само неколку часа пред сочниот бакнеж, Аналин, која го отелотвори ликот на злобната Наоми Кларк, во римејкот на хит-серијата „Беверли Хилс 90210“, вниманието на фотографите им го привлече додека ги ширеше нозете на плажата, покажувајќи го своето минијатурно бикини. |