Два дена забава со „Суперѕвезда“
Нови 46 композиции и учество на околу 150 деца од различни градови на земјава го одбележаа најновото издание на детскиот музички фестивал „Суперѕвезда“, што се одржа во изминатите два дена во Универзална сала во Скопје. Како автори на песните се јавуваат: Александар Масевски, Јован Јованов, Кристијан Габроски, Дарко Димитров, Оливер Димитров, Драган и Дарко Мијалковски, Огнен Неделковски... Специјална гостинка на фестивалот беше поп-пејачката Елена Ристеска. |