Џош Дјјухаамел
Сака седум деца со сопругата Ферги
Актерот Џош Дјухамел рече дека едвај чека да основа семејство заедно со пејачката од „Блек ајд пис“, Ферги, а тоа значи дека сака да има многу деца. „Отсекогаш сум сакал деца... Ќе бидам среќен со едно, но сакам седум!“, наведе Дјухамел. Но, убавата 35-годишна Ферги му реплицираше на својот сопруг, соопштувајќи му дека ќе мора да причека додека таа ги одработи своите музички обврски.
Очигледно, кариерата и' е на прво место, па пејачката кажа: „Дефинитивно ќе имам деца, но во иднина. Прво морам да ги одработам турнеите, бидејќи не можам да скокам наоколу со момците од бендот доколку сум бремена“.
Дјухамел, 37-годишната ѕвезда од „Трансформерс“ и серијата „Лас Вегас“, откри дека тој и Ферги веќе разговарале околу посвојување дете. „Би сакал да посвоиме, особено откако научив повеќе за напуштените деца“, наведе тој.
Ферги и Џош ја започнаа својата врска во септември 2004 година, а во брак се последните 15 месеци. Неодамна открија дека бракот воопшто не ја убил романтиката во нивната врска. „Најромантично е што Џош, каде и да одиме, ќе избере некој прекрасен цвет, ќе го скине и ќе го стави во мојата коса“, раскажа Ферги. |